Натпреварот за пехарот на глупоста продолжува. Заев додава, Пендаровски го превзема баскетот ииии тројка. Стево и овојпат поентираше максимално. Веќе е сериозна конкуренција на Заев.
Во едно интервју истресе толку многу глупости, што човек просто не знае од кај да почне. Нашите учебници по историја, замислете, биле исти (веројатно лоши) и кон западните држави, не само кон Бугарија. Дали после прогласувањето на фашистичката окупација од страна на бугарската војска за ослободување, Стево не спрема за прогласување на Хитлер за миротворец?
Понатаму Стево се жали дека во Македонија постоеле луѓе на средна и постара возраст, кои младите ги учеле дека е лошо човек да биде богат и дека сите богати на запад биле престапници. Од каде ли го ископа овој податок?? Или можеби ова е само невешто извртување на општото мислење меѓу луѓето дека не е добро да се богатиш сурово експлоатирајќи ги другите. Да Стево, ова вакво богатење посебно, а можеби и единствено, е застапено во најголемиот дел на западни држави, како робовладетелски, колонијалистички и неоколонијалистички држави, од кои некои до денеска преку телекомите, енергетските компании, банките, осигурителните компании, рудниците, здравството и разноразни проекти го цицаат Македонецот. Ако ти сметаш дека ова крадење е добро, народот не мисли така.
Му пречело на Стево дека постоел колективизам како дух, кој бил специфичност за комунизмот. Колективизмот, бе Стево, претставува принцип на заемна помош и соработка помеѓу луѓето од еден колектив. Зошто истиот ти пречи доколку постои помеѓу Македонците, а не ти пречи повикувањето на бесконечни колективни права за албанците, кое се претвори во одземање на единствената држава на Македонците?
Проблем за Стево било што во Скопје не можело да се купи Бугарски весник. Македонците ќе останат неинформирани дека не постојат Македонци, дека Делчев е бугарин и дека во песните на Војо Стојановски се пее за Бугарија, тоа ли те мачи бе Стево?
Истото и за книгите, што ќе прочитаме, дека не постоиме, за тоа ли треба Македонците да одат на саеми на книгата во Бугарија?
Стево, се разбира во духот на фашистичкото добрососедство, во ниеден момент не го спомена македонското малцинство кое живее во Бугарија, како резултат на поделбата на Македонија во 1913. За кршењето на основните човекови права за Македонците во Бугарија Стево абер нема и покрај тоа што меѓународните западни судови во неколку наврати на Бугарија и наложија да ја регистрира партијата на Македонците и да ги признае основните човекови права.
И секако за крај, Стево жали што македонската младина ги знаела српските турбо фолкерки а не ги знаела бугарските порнофолкерки и крадци на македонското музичко наследство. Жално е Стево и за македонскиот и за бугарскиот народ што „добриот, богат, запад„ ни инсталираше турбо-порно-фолк политичари, кои не доведоа до питачки стап. На македонскиот народ не му треба ниту српски ниту бугарски турбофолк, си имаме ние прекрасна изворна македонска музика, а ти слободно исполни си ја твојата желба од претходниот турнир за пехарот на глупоста и како награда за освоено прво место, замини си од Македонија.

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://rodina.org.mk/pristapnica/