Додека корисниците на народни пари се занимаваат со последиците од сезонскиот вирус, кој овој пат природно или вештачки мутирал во Ковид – 19, стопанство е пред целосен колапс.

Истоштено од децениската нефункционална држава, нелојална конкуренција, партизирана економија, како и постојаните политички кризи предизвикани од надворешни и внатрешни фактори, како и последните случувања со вонредна состојба и запирање на сите активности кои не водат кон сигурен крај на тоа што се вика економија.

Економската криза не носи во друг хаос, егзистенцијален, со последици многу поголеми од сезонскиот фабрикуван вирус.
Јасни ни се механизмите на темниот светски поредок за поробување на човештвото преку креирање на криза, хаос и решение, со печатење на огромни суми на хартија без покритие, кое го носат името долар.
Камати кои реално ќе ги исплаќа нашиот народ и ги исплаќа со децении на глобалната колонијална глобална мрежа, претворајќи не во луѓе од 3 ред.
Одговорот на тој глобален проект за уништување на локалните економии е МАКЕДОНСКИ МОНЕТАРЕН СУВЕРЕНИЗАМ, што е нов почеток за нова здрава македонска економија, проект на кој Родина Македонија е посветена.

Родина Македонија во овој момент не може да ја повика Владата, затоа што самата таа е најголем извор на криза, нелегитимно избрана, донесена од тие што ја креираа оваа глобална криза.
Затоа Родина Македонија повикува на формирање на Експертска Влада која ќе ги воведе следниве итни мерки засновани на програмата на Родина за помош на домашната економија, малите и средни претпријатија, и индивидуалните производители, фармери, трговци и доставувачи на услуги:
– Одложување на ДДВ првично за 90 дена а потоа и повеќе во зависност од развојот на ситуацијата.
– Одложување на социјални, пензиски, здравствени придонеси првично за 90 дена а потоа и повеќе во зависност од развојот на ситуацијата.
– Давање еднократни грантови и помош
– Одложување на плаќање на кредити.
– Стопирање на извршителите и извршни решенија за наплата.
– Национализација на компании кои го користат општото добро и ресурси.
и за македонскиот народ:
– 50% намалување на месечните рати на долговите и кредитите или нивен мораториум.
– 50% намалување на давачките за придонеси.
– 50% намалување на уплата за данок.
– 50% намалување на сметките за струја, вода, ТВ и телеком услуги.
– Стопирање на извршителите и извршни решенија за наплата.

Експертската Влада во најитен рок да формира тимови за подигање на здравствената заштита и здравствена култура на вработените во здравството и населението, да обезбеди соодветни медицински препарати, да воведе ред на границите, да започне со нормализирање на животот и заштита на ранливите категории, кои се ранливи секоја година во време на сезонскиот вирус.
Подигање на судските системи и системите на прогон за криминалниот политички систем кој самиот признава дека украл милијарди евра.
Подигање на земјоделството и производството на храна произведена по високите еколошки стандарди, за прехранбена самоодржливост на Македонија.
Враќање на сите полуги на македонскиот монетарниот систем.

Родина Македонија ќе биде верна само на вистинските мерки и луѓе со морал, дигнитет и знаење, а не на овој циркуз од фигури вешто водени од надвор.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/