You are currently viewing ДОНИРАЈ ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Не потклекнавме, не припаднавме никому. Сами, без должничко – доверителски односи, создадовме организација, со најдоброто од нас, за родот наш македонски и за Македонија.

Се издигнавме на темелите на милениумската македонска култура, традиција, вредности.

Веруваме во подобра иднина за нашиот народ и земја! 

Го гледаме новиот повеќе-поларен надоаѓачки свет, постзападен и храбро го најавуваме новото време.

Ќе го вратиме Суверенот во центарот на одлучувањето. Организации кои за возврат бараат повеќе отколку што даваат, нема да бидат на нашиот радар. 

Јасно и недвосмислено ја почитуваме волјата на македонскиот народ, со референдумите од 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година.

НЕ за НАТО, НЕ за ЕУ, Враќање на Македонија. 

Така почнавме, така ќе продолжиме и понатаму со вечниот идеал, Македонија на Македонците и верни само на својот народ!

Секоја помош, минимална, скромна, но од срце, е добредојдена за нормално функционирање на нашата Родина Македонија. Само заедно, здружени ќе успееме!

Уплатници за донации и членство на Родина Македонија