Годината е 2020, постзападен свет, мултиполарен, се градат големи патни коридори, енергетски коридори, гасот е незаменлив еколошки енергенс во наредните 30 години.
Македонија се приклучи на јужниот ток, кој за нас значеше конкурентна цена, екологија, бенефит од транзит, економија, раст.
Велика Британија за 5 пати го зголеми увозот на гас од Русија, Германија гради втор северен ток, сите изнаоѓаат решенија за да си ја обезбедат енергетската сигурност, но и еколошката, додека на другите им продаваат демагогија.

Што се случи во Македонија?
Го урнаа јужен ток во интерес на трети земји и сојузи, за да биде дел од НАТО и ЕУ, кои во 21-от век нема ниту да постојат.
Ја урнаа Република Македонија со странска служба на Зоран Заев, преку хибридна војна, државен удар, уривање на Уставот на Република Македонија, уривање на волјата на македонскиот народ искажана на 30 Септември 2018 година. Шарени соросови кондом револуционери или таканаречената соросова армија, западни агенти, социјален инжинеринг, терористички напади, сето тоа декорирано со „интелектуалата“ на овој општествен систем преку разни пленуми.

Зарем може еден општествен систем да дозволи промена на име, спротивно на сите начела на демократијата?
Може, тоа е македонскиот општествен систем кој во континуитет со децении рециклира политички и интелектуално истрошени индивидуи, кои освен научни трудови кои ги греат ќумбињата, немаат никакво друго општествено корисно дејствие.
Тука ќе го спомнеме и антимакедонскиот систем на оцрнување и елиминирање на сè што е вистински македонски квалитет, знаење и дело.

Македонија е заглавена во антивредносна матрица која паратизира и метастазира во сите пори на општеството.
Токму тој систем е ИЗВОРОТ НА ЗАГАДУВАЊЕТО, кој со своите шаблони на примитивно рекетарско однесување кон сè што е национално добро, ги продава националните интереси, здравјето на граѓаните, иднината, децата…
Така е продадено и здравјето на 2 милиони граѓани, за кеш, за ништо друго.
Увоз на опасен отпад од странство, за кој во изминатите години беше опасно да се пишува, бидејќи се добиваа закани по живот.
Театарот со мерки за субвенции за инвертори, печки на пелети, слободен превоз и други играчки за мали деца се дел од безидејноста на тој систем, кој е заглавен некаде во Среќна нова 49.
Овој умрен општествен систем на Северна не може да понуди ништо квалитетно.

Мерките кои ќе се превземат од идните нови суверенистички организации веќе содржат суштински промени.
Чистење на општеството од отпадот во општеството и од сите метастази на пропаднатиот идеолошки интелектуален антивредносен систем кој е навлечен на лесна пара и кој функционира во антивредносна партиска послушничка матрица.
Департизирање на општеството, негова професионализација, со јасни критериуми и стандарди кои ќе важат за сите.
Подигнување на високи македонски државни стандарди кога се работи за тоа што е наше, заедничко како водата, почвата, воздухот, храната, отпадот, согорувањето на отпадот, здравјето на луѓето…..
Строга контрола на сите субјекти кои работат на територијата на Македонија, а кои го загрозуваат нашето заедничко добро.
Поврзување на енергетски коридори кои ќе обезбедат еколошки ефтин енергенс, подигање на алтернативни извори на енергија, поддршка за домаќинствата за енергетски ефикасни домови и промена на начинот на загревање на домовите.
Национализација на енергетска инфраструктура, топловодната и сета останата, која на криминален начин се пренесе во приватни раце, а беа изградени од македонскиот народ.
Судски прогон на сите учесници во досегашните злодела против Македонија и македонскиот народ, итн…

Животот на 2 милиони граѓани не смее да биде политички театар, туку обврска е на општествениот систем да служи на тој наш прекрасен народ со најдобрите и најдоброто, затоа што е и платен за тоа од тој народ, односно од неговиот Буџет.
Никој од страна не може да ти наметне ништо туѓо, ако домашното е потпрено на вредноси системи, квалитет, здрави критериуми и истото се почитува дома.

Затоа суштински важно е подигнување на здрави организациски клетки во вредност, квалитет и служење на територијата на Македонија, за да врз нив се подигне новиот општествено политички економски научен систем, кој во 21 век ќе му служи на македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија со најдоброто од себе.

Родина Македонија е посветена на тој пат.

ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ, ЧЛЕН НА ИО – РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години

Листа на нотари