You are currently viewing НЕУСТАВЕН СУД, ЗОШТО ГО ПЛАЌАМЕ !?

СУДОТ во чие време Уставот стана тоалетна хартија, одобрил зголемување на примањата за 35%! Постои ли пример каде работниците кои потфрлиле во нормата, добиле покачување на платата од 35%? Земјоделци, рудари, шофери, пекари?

Родина Македонија го прашува овој УСПАН СУД, со што го заслуживте покачувањето? Заради промената на името на Република Македонија или заради двојазичноста? Двете претставуваат фраглантно кршење на Уставот на Република Македонија, дела кои до денес требаше да биде 35 пати санкционирани!

Наместо УСТАВЕН, станавте ПАРТИСКИ суд на СДС, ДПНЕ, ДУИ и евроатланските ментори. СУДИИТЕ, вклучително и тие од т.н. Уставен суд, својата плата ја земаат од народната каса, односно Буџетот на Република Македонија. Од некоја минимална учтивост кон вас, би ве замолиле платата да ја барате од оние на кои им служите, а не од народната каса на граѓаните на Република Македонија!

Нашиот народ заслужува вистински Уставен суд кој ќе го штити Уставот на Република Македонија!