Изјавите се наоѓаат кај нотарите од списоков и услугата за потпис со лична карта во висина од 150 денари е платена за браќа и сестри со тесен семеен буџет. Листата на нотари се проширува секој ден така што пишете на мејл ил во инбокс на Родина за нотар во вашио град.

Прв пат Македонска партија без подршка од институциите и поголемите партии како инсталираните сателит пајтон партии се регистрира изворно, од корен, од самиот народ!

Приклучете се браќа и сестри во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години како дел од глобалната политичка револуција и во заедничка борба со сите слободољубиви народи против веќе морално, еконмски, воено и идеолошки поразеното глобалофашистичко неолиберално зло и неговите домашни слуги и против планираното национално, економско и лично ропство!

Откако на 23.12.2019 Родина Македонија го објави почетокот на собирањето на потребните 1000 граѓански потписи за регистрација на политичката партија ВО САМО 9 ОПШТИНИ И за само првите 5 работни дена (од законските 90 дена) откако беа одбрани само дел од нотарите и вистинското собирање започна на 25ти Декември, веќе до 31ви Декември се собрани +400 потписи од подржувачи на идејата за Слободна и Суверена Македонија и во рекордно време ќе ги собере 1000-та оснивачи!

Македонија Вечна!

Македонија на Македонците!