Опозицијата немало да прифати попис со ваков закон. Да видиш, да не поверуваш. Во Македонија ниту постои опозиција, ниту власт. Постои окупаторска управа и постои окупиран народ. Окупаторската управа работи во две смени. Едната краде, другата одмара. За народот нема одмор. Од сабајле работи за окупаторот и управата, попладне работи за да се прехрани.

Платите се мизерија и стигаат само за сметките, даноците и каматите, односно за окупаторската управа и нормално за окупаторот. Дискутабилно е кој повеќе зема. Драги краде, Бети ја ослободуваат. После некоја друга Бети ќе краде па Драги ќе го ослободуваат. Оние што го кренаа гласот во име на народот се во затвор. И се така со години наназад. Со години наназад нѐ крадат додека ние внимателно ја гледаме нивната представа на власт и опозиција, кои всушност се едно исто, верна дружина на локални крадци, слуги на окупаторот.

Народот одамна веќе не ви верува, а се повеќе станува имун на вашите механизми на контрола. Под ваше водство и во ваша режија живееме 30 години, и доведени сме на работ на изумирање. Верба во вас немаме. Само попис организиран од ОН, а мониториран од Русија и Кина, народот може да прифати. Окупаторската управа, дпне-сдс, и нивните покровители, окупатори, корумпираната западна администрација, за народот се неприфатливи.

Се што е организирано и спроведено од нив, народот не го прифаќа ниту го признава. Ова важи како за сите штетни договори донесени со разни притисоци и уцени, така и за пописот кој планирате да го направите. Видовме многу изборни циклуси по нарачка и со резултати по мерка на странските амбасади. Жртви сме на резултатите од последниот фалсификуван попис и нема да дозволиме нов геноцид врз нас.

Македонскиот народ не ги признава договорите што ги склучувате, изборните резултати со кои доаѓате на власт, ниту пак ќе ги признае резултатите од пописот организиран од окупаторот. Престанете да глумите демократија а да спроведувате лудило, доаѓа денот кога на сите до еден ќе ви се суди. Но тогаш нема да шета амбасадорот од калето по судските ходници, ќе нема кој да ве штити.

Бидете член на инцијативата Родина

Пристапница за Родина https://rodina.org.mk/pristapnica/