You are currently viewing ПОСЛЕДНИОТ (ВО НИЗАТА) ШОВИНИСТИЧКИ БУГАРСКИ ВОЖД

КОЛУМНА: ТОМЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Кирил Петков е бугарски словен (бјал б’лгарин) со типично македонско име и типично македонско презиме. Значи внимавајте не станува збор за Кубрат Пулев, Тервел Умеров, Аспарух Кардамов…Баш Кирил како наш Константин Филозоф. По мајчина страна е од с. Соколово т.е фамилија Шопи или кажи – речи Македонци, по таткова е од Грамаде (Срби), но прадедо му е од Радовишко…нејсе човекот денес се смета себеси за Бугар и тоа внимавајте Bulgar not Slavic Bulgarian.

Друго важно за него е што станува премиер на Бугарија на само 40год, веднаш чим го исполни законскиот минимум. Израснал и се школувал во Ванкувар (Канада). Универзитет завршил во „Бритиш Колумбија”, а магистрирал бизнис – администрација на „Харвард” како степендист на USAID.
Избран е за премиер од редовите на коалицијата „Продлжаваме промјаната” која е формирана на 24 септември 2021г. А регистрирана за избори 12 ноенври 2021г. Избран е за министр-претседател (премиер) на Бугарија со 130 гласа ЗА (од кои 4 спорни) и 104 ПРОТИВ. 34 души од пратениците кои гласале за него се луѓе од малцинствата (Черкези, Кардераши, Цигани). Важи за „американски играч” а никако не европски.

НАЈВАЖНО: Смета дека во Северна Македонија живеат најмалку 150.000 Бугари, а реално некаде околу 200.000, а негира македонско малцинство во Бугарија со попишани 302.000 Македонци (покрај сите притисоци) а реално присутни околу 500.000. Луѓе кои се изјасниле дека имаат „македонски происход” (македонско етничко потекло) во 2012г. во БГ биле околу 700.000.

Петков оди еден чекор понатаму од своите претходници и вели не само што нема Македонци во Бугарија, туку нема Македонци ниту во Македонија, ние сме за него „Граждани на Северна Република”

Заклучок: Уште од времето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков, политиките во Бугарија се менуваа како дуваше ветерот, Бугарите беа: комунисти, социјалисти, демократи, либерали, сега по најново се глобалисти, анти-слависти и русофоби. Специфика за овој премиер е неговата приватна изјава додека сѐ уште не бил политичар, а тоа е дека: Македонци не постојат, македонската нација е творба на коминтерната и СССР. И затоа во состојба на демократија и отворен атлантистички свет СССРовата вештачка творевина најверојатно ќе престане да постои.

СО ВАКОВ ЧОВЕК ПРЕГОВАРА И СЕ ГУШКА “наш” Таче!