Ја имавме таа несреќа и ние да бидеме една од земјите врз кои е извршен државен удар од страна на моќната западна служба, служба со која Зоран Заев се закани на тогашниот премиер Никола Груевски.

Хибридна војна која трае многу години, а во последните неколку гледавме како одредени западни служби работеа интезивно со нивниот невладин сектор, нивната терористичкатa операција Диво Насеље, до социјален инжинеринг воден од нивните највешти манипулатори, каде по утврден шаблон се креира слика на фашистичка и репресивна власт, власт која треба да биде урната. (Види денеска Венецуела со Мадуро, а од минатото Либија со Гадафи, Сирија со Асад, Ирак со Садам и Србија со Вучиќ).

Денеска во новата креатура која се повеќе наликува на концентрационен логор за Македонците, таканаречената Република Северна Македонија, не постои Устав, погазена е волјата на народот, погазен e Референдумот, се е превртено наопаку за да може креатурата да служи на западните системи, односно да седи и да молчи на столчето во НАТО. Денеска во оваа креатура од држава, луѓето кои го бранеа Уставот се осудени малтене на смртни казни, додека сите тие кои учествуваа во рушење на Уставот се дел од владата на Република Северна Македонија.

Сведоци сме на регрутирање на најголемиот човечки отпад за да се одржи овој геноциден проект кој го носи името Република Северна Македонија. Инсталирање на послушници во високите ешалони на политичките партии веќе ги надмина сите очекување, бедните по дух. построени во ред, чекаат да се стават во служба на нечестивите западни сили.

Но сите тие едно не гледаат! Западот го изгуби кредибилитетот кај Македонците, а го изгуби и во светот. Една империја без кредибилитет е империја пред својот крај. Со падот на кредибилитетот паралелно ги изгубија и пазарите, ги трошат последните пари а по светските воени фронтови се најблаго речено во дефанзива.

Браќа и сестри Македонци, ова не е крај за Македонија, ова е почеток на нова постазападна суверена Македонија.

Наша задача како Родина е да го подготвиме македонскиот народ и нашата татковина Р.Македонија за тој постазападен свет, свет во кој Македонците повторно од темел ќе ги кренат ИЛИНДЕН и АСНОМ, свет во кој ќе живееме достоинствено, чесно и праведно.

Нашата програма го гарантира правото на индивидуална слобода без да се наруши заедничкото, колективното, народното, протерување на сите странски формални и неформални воени формации, поништување на регистрацијата и дозвола за работење на НВО финансирани со странски средства, национализација на сите стратешки важни субјекти и фирми, ревизија на образовните наставни програми во македонски дух од прво одделение, неотуѓивост на водите, ГМО-слободна Македонија, ниски даноци и финансиска подршка за сите претприемачи/мали/средни претпријатија за силен економски раст и процут, поволности за враќање на Македонците во Македонија …..

Со еден збор, РЕПУБЛИКА Македонија ДОМ за сите Македонци.

Зоран Јованчев, член на Иницијативниот одбор на Родина