Родина Македонија

Кои сме ние

Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.

Зошто ние

Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ. Чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.

Каде сте вие

Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.

Како започна

Започна како активизам на улица, за Македонија.Предадени од политичките структури решивме да кренеме Организација на народот.

Нашите Ставови Реакции Соопштенија

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Redeakcija

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 29.3.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „СТАРО-НОВИТЕ ЛИЦА НА СЕВЕРНА” / ИНТРО : ДАЛИ СТЕКНАТАТА РЕАЛНОСТ ВКЛУЧУВА КОРУМПИРАНИ ПОЛИТИЧАРИ ЗА “БЕТОНИРАЊЕ” НА СЕВЕРНА“ УЧЕСНИЦИ: СОТИР КОСТОВ, политички аналитичар ТОМЧЕ ШИРКОВ, Родина Македонија На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија

Прочитај повеќе »
Соопштение
Redeakcija

СОЧУВСТВО ДО РУСКИОТ НАРОД

Родина Македонија искажува најдлабоко сочувствто за жртвите од гнасниот терористички напад кој беше извршен во Москва.Нашите молитви денес се наменети токму за жртвите од овој терористичи чин, но и за целиот братски руски народ, да издржи пред налетот на повторно повампирениот фашизам и тероризам.На ранетите им посакуваме побрзо оздравување.Македонскиот народ

Прочитај повеќе »
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Redeakcija

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 22.3.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „ВАТИКАН, ФАНАР, БРИСЕЛ И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА“ УЧЕСНИЦИ: ДАРДАН ВЕНЕТСКИ, Македонски манифест ЗОРАН ЈОВАНЛЕВ, Родина Македонија На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија

Прочитај повеќе »
Соопштение
Redeakcija

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ПОБЕДАТА НА ПУТИН

Родина Македонија испрати честитка по повод победата на г-дин Владимир Владимирович Путин на изборите за Претседател на Руската Федерација. Честитката ја пренесуваме во целост: „Почитуванa екселенцијо, господин Сергеј Бездникин, Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија,Политичката партија Родина Македонија Ви го честита Вам, на персоналот на руската амбасада во Република

Прочитај повеќе »
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Redeakcija

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 15.3.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „ИМУНИЗАЦИЈА ИЛИ ЛИБЕРАЛНА ДЕМОКРАТИЈА“ УЧЕСНИЦИ: ГОРДАНА ГОЏО, член на Претседателството на Родина Македонија ТОМЧЕ ШИРКОВ, член на Претседателството на Родина Македонија На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија

Прочитај повеќе »
Реакција
Redeakcija

РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА ВО ГРАДИНКИТЕ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА најостро ги осудува мерките донесени од Министерството за здравство да не се примаат дечиња во градинка поради непримена ДТаП вакцина. Оваа мерка извршува дискриминација според здравствен статус и претставува грубо кршење на правото на родителот да донесе информирана одлука за здравствената заштита на своето дете, односно грубо го

Прочитај повеќе »

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

СЕКОЈ ПЕТОК21:30 ЧАСОТ ВО ЖИВО НА ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Во живо

Родински разговори

Родински разговори секој петок во 21:30 на фејсбук страната на Родина Македонија. 

Најгледана емисија во нашите Родински Разговори беше со почитуваната Мирка Велиновска. емисија која траеше  2:30 минути. 

Најчесто поставувани прашања

Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.

Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.

Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.

Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.

Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.