Родина Македонија категорички ја отфрла дезинформацијата за наводните бројки на прелеани членови и општински комитети.
Исклучениот член на Родина Македонија од Прилеп, кој беше дел од неуспешниот обид за преуредување на партијата, спротивно на Статутот, потврдено со две судски одлуки, во своето обраќање само го злоупотреби неговото поранешно членство, името Родина Македонија и ништо друго.
Театарот кој од сето тоа го направи Јанко Бачев, засекогаш ги затвора вратите за било каква идна соработка.
Ние не се бавиме со ефтина политика и политиканство, од која на народот му е смачено.
Господине Бачев, уште еднаш се потврди вашата негативна улога во така наречениот трет пат, со вашата партија која повеќе наликува на ваша приватна фирма, отколку на некоја партија со идеологија, структура, членство и резултати.
Се повеќе народ е свесен за вашата улога и целосно непознавање на идеите на новиот свет.
Родина Македонија од самиот почеток е на удар на структури од дома и надвор. Нашите членови се постојано предмет на драконски парични казни од власта и кривични пријави од различно потекло. Јасно ни е дека поради нашата чистина, вистинитост и покажување на пример на поинаков начин на организирање, многу поразличен од еден човек вечен лидер на партија и понатаму ќе бидеме предмет на разни игри и конструкции.
Како партија верна на македонските традиции, Родина Македонија секому кој одлучил да членува во друга политичка партија, му посакува успех и остварување на личните амбиции.