Реакција на инцијативниот одбор на Родина по повод континуираното влошување на состојбите во државата

Како иницијатива која е произлезена изворно од народот, сакаме да укажеме на нагло влошените услови по животот и безбедноста на нашиот народ, како и економскиот холокауст кој се спроведува на терен од страна на ригорозните инспекциски служби кон компании кои не се од „одбраното друштво“.

Македонија веќе многу долг период е изложена на надворешни штетни влијание кои грубо ја урнаа суверената волја на македонскиот народ и воспоставија систем на сила, неквалитет, непотизам, уцена и закани, кој како канцер се рашири низ сите пори од македонското општество.

Се наруши и безбедноста и приватноста на граѓанинот, прислушувањето стана национален спорт, се воспоставија двојните стандарди, се воспостави систем на прогон кон се што мисли различно, се јадат ЖИВИ ЛУЃЕ.

Се ослободија затвореници со тешки кривични дела, се затворија луѓе на кои единствен грев им е што си ја љубат татковината Р.Македонија.

Се случи и тоа во истражниот затвор за малку да бидат линчувани луѓе. Тоа е цената на партизираната држава. Обидот на инсталираната власт ова да го сокрие и исмее е уште една бедна епизода од епизодите на инсталираниот премиер од странска служба.

Од аспект на секојдневното живеење, Македонецот, и тој кој се покорил на Северџанскиот идентитет и тој кој си го чува изворното Македонско, се повеќе живее живот во страв.
Не поминува ден каде нема убиство или исчезнување на граѓани и тоа во услови каде велите дека вашата Република Северна Македонија е побезбедна земја со секој изминат ден.

Не поминува ден каде некоја фирма не е драконски казнета од страна на државните инспекциски служби.
Се спроведува економски холокауст на домаќинските македонски компании кои прерануваат илјадници македонски фамилии.
Други фамилии незаслужено преку непотизам живеат на државна сметка, ги празнат пензиските и други државни фондови, вршат рекет, црниот бизнис цвета.

Државата која треба да биде сервис на граѓанинот, затоа што тој секоја година ја плаќа со над 3 милијарди евра, се претвори во сервис на политичките партии и надворешниот странски интерес.

Родина повикува на општествена мобилизација за враќање на државата на своите изворни народни идеали и вредности.