Обидот на нелегитимната власт да организира избори по мерка на странскиот фактор заврши неуспешно. Народот веќе одамна ги препозна предавничките игри и на таканаречената власт но и на таканаречената опозиција, кои во служба на надворешни корумпирани политички елити претставени како меѓународен фактор, повторно ги применија сите „балкански“ методи за фалсификување на избори. Но и покрај сите предизборни и изборни манипулации, со заеднички сили, глумејќи демократија а спроведувајќи лудило, сдс и дпне официјално едвај постигнаа цензус од 40%. Неофицијално и реално бројката е многу помала, имајќи ги во предвид официјалните 4% неважечки гласови, но и насила вадените од дома гласачи, купените со пари и уценетите со работни места.
Родина му честита на македонскиот народ за правилната одлука да ги бојкотира овие нелегитимни и недемократски избори.
Родина повторно апелира криминалците од еднопартискиот систем, преку кои 30 години се врши окупација и грабеж врз Македонија, да се повлечат од македонскиот политички простор и да го остават македонскиот народ да си го превземе владеењето со сопствената држава. Вие одамна го изгубивте легитимитетот да ги представувате македонските граѓани, за вас излегоа да гласаат едвај 20% од македонците, односно партиските војски кои во овие 30 години ги вработувавте на сметка на грбот на граѓаните. На овие избори гласаа партиските војски, македонскиот народ не гласаше.

Иницијативен одбор – Родина