Една политичка партија која се декларира како демократска, сите свои чекори битни за државата ги црпи од легитимитетот добиен за тие чекори на избори.

Во Република Македонија, со дивата Северна, пучистичката власт легитимитетот за своите чекори ги црпи од западните центри на моќ, станувајќи обична марионета во креирање на новиот темен светски поредок, каде нацијата треба да биде убиена од западната корпорација и западните институти за социјален инжинеринг.

Мигрантската криза својот почеток го има во интервенцијата на западните сили врз суверените земји на блискиот исток, каде заедно со методите на хибридна војна, лажно прикажување на оружје за масовно уништување и прикажување на диктаторски режими, многу држави се урнати до темел, предизвикувајќи ја огромната хуманиратна катастрофа.

Хуманост од оваков тип како што ја практикуваат западните елити е само прикривање на злосторството.

Македонскиот народ не гласаше за Северна, ниту гласаше за мигрантски кампови, референдумот беше неуспешен и за НАТО и за ЕУ и тој резултат во голема мерка е дело на дејствието на претставниците на тие сојузи, кои заедно со нивната инсталација и одбраните луѓе од политичкото подземје, сакаа да убијат уште еден народ, Македонскиот.

Македонскиот народ е жив, одговорност ќе има за сите анти-држани дејствија и за тоа нема да биде потребно 61 пратеник.

Народот ќе ја врати киднапираната држава, се што е донесено од оваа нелегитимна влада ќе биде вратено во почетна состојба и ќе се отвори најголемиот случај во историјата на Македонија, за Велепредавството на Р.Македонија.

Искрено сочувство до Ирачкиот, Либискиот, Сирискиот, Јеменскиот народ, кои денеска крвават од демонкратијата на западните сили.