You are currently viewing Реакција на фалсификатот во најава:

Почитувани браќа и сестри Македонци ( по род, самоопределба и државјанство).
Родина Македонија има индиции дека ќе продолжи таен „попис” чии фингирани резултати ќе бидат внесени во резултатите на т.н одложен попис кога и тој да се случи.
Евидентно е дека помеѓу власта и контролираната опозиција има премолчен договор за попишување на дијаспората без закон, концензус и без валидна методологија како и досега.
Всушност попишување на Македонците немаше и нема да има. Ќе има само „попис” на албанската дијаспора, но не само на албанската дијаспора од Македонија! Договорено е попишување да двојни и тројни државјани на Албанија, Косово, Србија и за прв пат Бугарија (ќе можат да се попишуват државјани и жители на Бугарија)!
Сигурно се прашувате по која методологија и со која статистичка операција сево ова е возможно?!
Со никоја, одложениот „попис” ќе оди БЕЗ ЗАКОН И МЕТОДОЛОГИЈА!
Македонија, не само што е единствена земја во Европа која попишува дијаспора, и тоа дијаспора на други држави. Таа е единствена во светот. Ваков неуспешен обид за „попис” е направен во далечната 1996г по граѓанската војна во Руанда. Требало да бидат попишани резиденти на Бурунди. Но пописната комисија и претставниците на меѓународната заедница биле единствени дека такво нешто е недопустливо.
Сведоци сме дека „нашата земја” е претворена во полигон за експерименти. Експерименти кои биле неуспешни во Африка!
Затоа РОДИНА МАКЕДОНИЈА јавно ве информира дека ќе продолжи со кампањата #НеОтворамВрата и ве повикува и вие да не отварате врата на ЕТНОЦИДОТ, БЕЗАКОНИЕТО И ФАЛСИФИКАТОТ.
Се додека не се донесе нов закон, нова меѓународно призната методологија и не се исполнат сите безбедносни и здраствени услови за спроведување на пописот.
Македонци бидете силни и истрајни, #ХунтатаеГотова
Македонија на Македонците 01.04.2021