Почитувани претставници на германската влада во Република Македонија, германскиот народ и неговите претставници,
Меѓународната награда за мир на Вестфалија која ја доделивте на Зоран Заев за Договор кој е отфрлен на Рефрендум од 30 септември 2018 година, спротивен на Уставот на Република Македонија, е срам за Германија, Европската унија и вашата западна цивилизација.
Тоа е договор кој насила се спроведен преку класичен државен удар изведен со хибридна војна на германски и западни служби, газејќи го Уставот на Република Македонија и волјата на македонската нација!
Како што може да видиме од историскиот осврт подолу прикажан, македонскиот народ со векови страда од политиките на вашите елити!
Со векови го убивате најдоброто од овој народ, создавајќи хибридни режими на владеење, кои и денес ги пустошат државите на Балканот.
Колку и да го правите тоа вешто, не можете да ја прикриете вашата улога на главен организатор.
Наша обврска е како претставници на македонската нација, да предупредиме на сеуште активната германска политика која е штетна по македонската нација и која ги гази принципите и повелбите на Обединетите нации.
Многу скоро, идната Влада на Република Македонија, поред задоволување на референдумските барања и враќање на името, ќе испорача серија на барања за оштета од политики на европските држави кон македонскиот народ и држава.
И поред сите страдања на нашиот народ и земја, ние и понатаму се залагаме за достоинствени и пријателски односи со Германија и германската нација, воспоставени на правичност, чест, меѓусебно почитување и уважување.
Во продолжение историски осврт за улогата на германско-западните европски династии, во огромното страдање на македонскиот народ на неговите милениумски огништа.
1832 година востоличување на Отон Фридрих Лудвиг, принц на Баварија и создавањето на кралството Грција, како и идејата за Мегали Грција, кои ја поделија Македонија во Букурешт 1913 и предизвикаа етничко чистење и страдање на македонскиот народ.
1887 востоличување на Фердинанд Максимилијан Карл Леополд Марија Сакс-Кобург-Гота за кнез, а подоцна и за крал на Бугарија. Добро ни е позната улогата на Софија во тоа време, преку врховистичките елементи за растурање на револуционерните движења за автономија на Македонија, како и предвременото кревање на Илинденското востание.
1924 договор од Лозано и промена на етничката карта на Беломорска Македонија со увоз на над 1 милион христијанско население од Мала Азија.
1941 година германската фашистичка окупација и повторно поделбата на Македонија.
2001 за време на војната, германските служби имаа разнузнавачки активности во западна Македонија, со поддршка на сепаратистичките шиптарски движења.
Првата промена на границите во поствоена Европа, сецесијата на Косово од Србија.
„Пророчкото“ предвидување на германската амбасадорка Урлике Кноц од 2009 година, каде за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошкиот факултет во Скопје, ќе изјави: „Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова македонска партија’(СДС сегашно), во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки“ .