Велат сите одговори за состојбите во сегашноста се наоѓаат во минатото и тој кој не ги учи грешките од минатото му се повторуваат во иднината.

На видео снимка обезбедена со ПИМ мерки од СУД, со свои очи и уши видовме и слушнавме како Зоран Заев директно се заканува на тогашниот премиер Никола Груевски со моќта на странската служба која стои позади него и која има серија  нелегални мерки за да дојде до техничка влада и влез на Македонија во НАТО. Таа служба е толку моќна да ниту 63 пратеника ништо не и можат за промена на власта и промена на името.

И навистина со серија мерки на таа служба кои се елементи на хибридна војна кои ги користи ЦИА и другите западни служби за промена на власт која не одговара на нивните интереси, војската на сорос од невладиниот сектор, домашната петта колона и терористите влезени од територија на западниот протекторат Косово и социјалните инжинери на специјалните западни служби ја урнаа вољата на македонскиот народ, Уставот на Р.Македонија, меѓународното право.

Следеше Пржино 1 и 2, организирани од западната меѓународна заедница по истиот систем како рамковниот и територијалната, како и формирање на СЈО со единствена цел уривање на ВМРО-ДПМНЕ која во тој момент беше единствена партија која имаше капацитет, не но го искористи да биде на браникот на Р.Македонија и Македонските национални интереси, затоа што беше и сеуште е корумпирана по вертикала и хоризонтала.

Свежи ни се сликите на поранешниот американски амбасадор како се движеше на релација суд, обвинителство и како во неговата тврдина на Кале ги угостоуваше сите овие актери од денешниот случај Рекет.

И денеска имаме реакција на американската амбасада за случајот Рекет, за СЈО, бараат разрешница..

„Почитувани“ претставници на САД, вие го злоупотребивте гостопримството на македонскиот народ, се однесувате како каубојци во домородна америка, продавате демократија во бели ракавици под кои се наоѓа крвта на народите на светот кои ги поробивте и уништивте и сеуште мислите дека народите веруваат во американскиот сон и демократија ?

Вашата ера заврши, кредибилитетот на западната меѓународна на чело со САД е НУЛА, за тоа сте виновни самите вие, вашите служби, вашите претставници, вашето мешање и уривање на државите во кои ги регрутирате токму најкриминогените претставници на народите!

Наша домашна задача се и СЈО и криминалите и рамковниот и приемот на Македонија под Уставното име во ООН и фалсификувањето на Пописот и многу анти-македонски акти на западната меѓународна заедница и криминогената елита на нашето општество.

Редржавизација на Р.Македонија, тоа е процес во кој државата се враќа во служба на народот, а случаите како Рекет, велепредавство со северна,мешањето на странските служби, криминалите ќе ги решаваат Обвинители, Судии, кои се најчесните, најправедните и секако кои не се избрани од западните амбасадори, туку од македонскиот народ.

Биди дел од иницијативата „Родина“
https://rodina.org.mk/pristapnica/