Родина Македонија не ја признава нелегитимната и со никакви факти поддржана вонредна состојба со која, исто така нелегитимната и однадвор поставена марионетска Хунта, воведува терор и тоталитарна диктатура во Македонија!

Го известуваме Македонскиот Народ дека својствено за нелегитимни окупатори во очаен обид за политички притисок кон единствената изворна и неинсталирана Македонска политичка сила на отпорот против глобалофашистите и нивните домашни слуги, повеќе луѓе меѓу кои и двајца членови на Претседателството на Родина Македонија се повикани на разговор во полиција.

Причина? Нивното учество во мирниот собир во неделата против насилните вакцинации, 5Г и други нелегални и со народот неконсултирани дејанија на коалицијата сдс/дпне.

И порачуваме на предавничката нелегитимна Хунта и на тивките одработувачи од квази-опозицијата, Родина Македонија се бори не само за национално и економско ослободување на Македонскиот Народ туку и за секој еден Македонец, од прв до последен, така и за смелите млади лидери на Родина кои се на браникот на борбата против окупацијата, за слобода на Македонскиот Народ и за лична слобода и процут на секој еден од нас.

Објавуваме дека по овој очаен и патетичен чин кој го покажува вашиот страв, и свест дека наскоро ќе бегате преку аеродромот Александар Македонски, ако некој воопшто ќе сака да ве прими, Родина Македонија сега и директно ќе се вклучи во организацијата на отпорот против вашето безобразно своеволие, својствено на универзално омразени квислинзи од типот на Виши и нелегитимни кукавици кои се држат за сукњата на поразените глобалофашисти за уште час два, ден два “власт”.

Вашите денови се одброени во Македонија, како што се бројат и деновите на глобалофашистичките сили кои насилно и незаконски со пуч ве доведоа на власт за да ја рушите нашата Македонија, да не поробите нас и нашите деца, и да ги раздадете Македонските блага на вашите белосветски арамии. Да ве цитираме, но не извештачено и за рака колнати долари на Сорос како вашите платеници терористи Шарените и вашите браќа од САД, Антифа, туку од срце, ГОТОВИ СТЕ!

Ве повикуваме Македонски Народе да застанеме рамо до рамо со слободољубивите народи на светот кои се креваат против истиот непријател, глобалофашистичкиот непријател, и заедно со Родина Македонија да им покажеме на избори како навистина се урива диктатура, ненасилно, со пенкало и со голема победа на мирното мнозинство Македонски Народ!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“https://rodina.org.mk/pristapnica/