Новите 14 дена ѓутуре вонредна состојба на нелегитимната Хунта во соработка со квази-опозицијата во време кога многу земји почнаа да се отвораат, ја покажуваат нечовечната, грозна и крвничка намера да ја доурнат Македонската економија во налудничавата трка кој повеќе да им се допадне на глобалофашистите чии слуги се и сдс и дпне.

Македонскиот народ последниве денови со радост го чекаше светлото на крајот на тунелот и крајот на вашиот обид за незаконски домашен затвор и уривање на економското и социјалното ткиво. Народот очекуваше понеделник кафе в кафана, угостителите исто чекаа, туристичката сезона е уништена. За малите и средни фирми кои едвам можеа еден два месеци максимум на бедните резерви да ја издржат вашата со ништо непредизвикана сурова одмазда кон Македонците, ова сега веќе ќе биде крај за многу од нив, како што и 45% од американските мали и средни претпријатија што никогаш повторно нема да проработат после затворањето!

Бараме одговор – кој од вас, ниту ние, ниту Македонскиот народ не очекуваме да го добиеме – и прашуваме, која беше научната и статистичка основа за првите две не-уставни вонредни состојби, и уште повеќе за 14-дневната која одалеку смрди на хаотично безумно, непромислено и подалеку од носот непресметано прекршување од-рака и од-око, ајде на пола, да не биде ни мое ни твое, ни укинување ни нов месец, туку 14 дена!

Што е следното? 7-дневна вонредна состојба, или ден-и-пол или 27 часа? Ова решение е врв на неспособноста да го менаџирате монструмот на лажната хистерија кој го креиравте со цел уривање на Македонската економија и со тоа нејзино исчезнување и разграбување од корпорациите и соседите.

Но сега ситуацијата е малку подруга отколку кај првите две. Лажната приказна и креирање страв и фабрикувана хистерија сега ви се распадна во очите на најголемиот дел од народот. Делумно и поради Родина која единствена и од првиот ден ја прозре вашата лажна приказна и грозната агенда зад неа и први жестоко, смело, мудро, сериозно, без политички калкулации и секогаш поткрепено со факти придонесовме во разбивањето на лажната паника. 

Затоа, поради немање факти за објаснување и поради незаконитоста на воведување вонредна состојба за да се бориш со вирус кој по сите светски здравствени статистики е во рангот на сезонски грип, бараме итно укинување на безумната одлука, итна оставка и кривична одговорност за уривањето на Македонскиот производител и претприемач, и формирање на Експертска Влада која ќе се справува со последиците од вашето безумие и ќе организира фер и демократски избори, кои вие не сте во состојба да ги организирате.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/