Хибридната војна која во моментов се одвива во вашата прекрасна земја Белорусија е војна која ќе одлучи дали ќе бидете ДРЖАВА НА БЕЛОРУСКИОТ НАРОД или ЗАПАДНА КОЛОНИЈА.

Ние како македонски народ поминавме низ истите премрежја, каде во идентичен напад на инженерите за хибридна војна, односно агентите на западните служби, кои заедно со НВО обучени активисти за државен удар и терористички организации, го урнаа уставниот поредок на Република Македонија и кренаа западен неолиберален монструм, кој носи име „Северна“.

Денеска, нашата држава Република Македонија е претворенa во колонија од најдолна класа, каде „западната меѓународна“ заедница аминува изборни фалсификати, нелегитимни избори на клучни луѓе во државата, анти уставни дејствија, криминали во милиони евра. Нашата земја секојдневно се колонизира педа по педа, со анти хуманата идеологија на западните неолиберални елити.

Вашиот Претседател е еден од ретките претседатели кој ве заштити од темниот проект на неолибералните елити со Пландемијата КОВИД 19, без да ја урне економијата, да ве затвори. Вашите цркви беа полни за православните празници.

Бидете будни, активни, обединете се околу државните институции, сочувајте ги во оваа криза, за да утре имате што да реформирате и подобрите.

Ние како Македонци ќе мораме се од почеток!

Вам ви посакуваме да ја одбраните Суверена Белорусија !

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/