Почитувани браќа и сестри Македонци,
Од утре 22.01.2020 година (среда) па сè до 26.01.2020 (недела), Родина Македонија со својот штанд ќе биде присутна на плоштадот на главниот град на Р. Македонија, Скопје, во периодот од 12 до 16 часот.

Место каде се среќаваат минатото, сегашноста и иднината. На просторот каде гордо стои првиот Претседател на антифашистичка Македонија, големиот Методија Андонов Ченто, Гемиџиите и илинденците, Цар Самоил и неговата средновековна македонска држава, Вистинијан Управда креаторот на македонското право кој ја врати империјата во владеење на нашиот народ, цветот на илјадагодишната античка македонска држава устроена по македонските принципи и вредности на Александар Македонски.

Родина Македонија е организација која се подига во изворните македонски идеали и вредности, платформа за секој родољубив Македонец кој сака да го даде најдоброто од себе за својот народ и земја.
Се приближуваме до бројката од 1000 основачи, 1000 горди Македонци кои докажаа дека ништо не може да го порази Суверенот, сопственикот на државата, кој е вграден со крвта на неговите предци во темелите на независна и суверена Македонија.Северна е мртвороденче, евроатланската идеја умира, се раѓа нов свет, свет на суверени народи.
Бидете и вие дел од тој нов свет на суверени народи, новиот хуман глобализам, кој е и македонски концепт и кој извира од македонскиот идеал за свет како поле на културен натпревар на народите.
Изјавата за основање ќе може да ја пополните на самиот штанд и во исто време до најблискиот нотар да ја заверите.
Добредојдени сте, ве очекуваме!