Сведоци сме на се поотвореното и погласно прифаќање на договорот од Преспа од страна на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери како договор кој е свршен чин и договор кој се претставува како едносмерна улица низ која мора да се движиме. Ние од Родина укажувамее дека во едносмерни улици се движат само едносмерни политичари и луѓе обучувани во институти на странски служби, луѓе кои не служат на својот народ, туку на туѓиот интерес, што денеска е се повидливо и појасно.

Договорот од Преспа е АНТИУСТАВЕН, спротивен на МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО, спротивен на ВОЉАТА на мнозинството на граѓани, реализиран во услови на неколку годишна хибридна војна водена од странски служби кои ги регрутираа невладиниот сектор и сорос армијата, учк терористите од косово, како и домашната петта колона. Со еден збор класичен државен удар, спроведен преку специјална војна. Спроведувањето на овој државен удар е движење во едносмерната улица во која извршителите само ќе си ги удрат главите во ѕидот на крајот од улицата.

За нас од Родина е чуден односот на постојните политички партии кои преку ова поминаа како ништо да не се случило и продолжија да функционираат во системот на оваквата пучирана окупирана држава, во која дури и ќе појдат на избори. Прашуваме дали и вие станавте дел од таа пучирана држава ? Дали со истата странска служба договоривте промена на власт, со задржување на сите промени кои ги направи таа служба ? Дали знаете дека станувате соучесници во државниот удар за кој секако еден ден ќе има голем судски процес?

Тука сакаме да ја нагласиме и улогата на вашите стратешки партнери од НАТО и ЕУ, како и државниците од Германија,Австрија и другитеевропски земји кои ги погазија сите демократски начела и принципи и уште еднаш пред Македонците си го покажаа вистинското лице, како и вековните намери кон нашиот народ и држава, да нема Македонија и Македонци.

За Родина и за Македонците, на столчето во НАТО седи понижен Северномакедонец без идентитет и глас и ние не се поистооветуваме со тој човек таму.

Ние од Родина не ја прифаќаме окупацијата како и договори кои се донесени под закана на сила и спротивни на Уставот и меѓународното право од 1991 до денеска. Македонија има и избор и алтернатива и луѓе кои може да ја вратат Републиката на народот, во служба на народот, заштитена, суверна, просперитетна и праведна Република Македонија.

Бидете еден од основачите на Родина, Македонија заслужува нова народна, македонска опција.