После неуспешните обиди преку официјалните електронска пошта и телефонски броеви да добиеме информација колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија за изборната кампања, Родина Македонија и јавно го прозива ДИК, два дена пред почеток на изборната кампања.
Господа од ДИК, колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија и на уште 110 други субјекти кои не се во Собранието, за изборна кампања?
Би сакале да ја информираме јавноста и за донесените измени 1 минута до 12 од страна на ДИК, каде трошките 10%-те од вкупните средства наменети за изборна кампања на вонпрламентарни партии, 7% се префрлија на партии кои се во Собранието а немаат собраниски групи, а само 3% останаа за над 110 субјекти учесници во локалните избори.
Позицијата и опозицијата земаат 90% од средствата за изборна камапња!
Нам сосема ни се јасни „Фер“ и „Демократските избори“ во Република Македонија, кои ги организираат двете коалиции, двете страни на една иста паричка.
Само што монополот кој го подигнавте врз демократијата и се удара од глава токму на македонската држава и нација.
Родина Македонија останува посветена на воспоставување на вистинска демократија, која треба да биде целосно во служба на македонската нација, со почитување на индивидуалните и колективни права, како и референдумите од 08 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година!
На 17 октомври, заокружи го бројот 17, за Родина Македонија!