ДАЛИ ПОДДРШКАТА НА МУЦУНСКИ ЗА СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Е ЗНАК ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОНЗЕРВАТИВНИОТ СТАВ НА ДПНЕ ЗА СЕМЕЈСТВОТО
КОЛУМНА: СОФИЈА АЧКОСКА, ПРЕТСЕДАВАЧ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Уште не се спушти прашината од вчерашната бомба во ООУ „Љубен Лапе“, во Општина Аеродром одекна уште една. Со тоа стана сосема јасно дека не само што директорката на Љубен Лапе нема да биде повикана на одговорност, туку ваквите активности се вклопуваат во агендата на општината на Општината Аеродром за промоција на проектот „Родово одговорно училиште“ кое во соработка со „Македонскиот институт за европски студии“ се планира да се спроведува во училиштата на Општина Аеродром, Претходниот министер за образование и наука Мила Царовска, насилно и нетранспарентно го воведе Сеопфатното Сексуално Образование – ССО на невладината „Хера“ во наставните програми, поради што мораше да се прости од министерската фотелја. Таа замина но, сепак ССО како кукавичко јајце го протна низ иглени…