ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР ТАЛАТ ЏАФЕРИ, НЕНАУЧЕНАТА ЛЕКЦИЈА!

Не помина ниту месец од грозоморните убиства кои ја доведоа целата нацијата во шок, имаме повторно пример на неказнивост кој произлегува од системот. Човек со крв на рацете на наши бранители и цивили, член на УЧК, човек кој ја соблече униформата на својата земја, за да се бори за туѓа кауза, неказнено се движи низ системот, од Министер за одбрана во времето на ВМРО-ДПМНЕ, па до Претседател на Собранието во време на СДС, избран на диво, на скали, за да денес биде предлог за технички премиер. Овој систем кој 30 години го вади најлошото од луѓето и најлошите ги поставува високо горе, систем кој не го казнува злосторството и криминалот и истиот го заштитува, денес ни е претставен како некој демократски проевропски систем, кој треба да нѐ однесе…

ПрочитајТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР ТАЛАТ ЏАФЕРИ, НЕНАУЧЕНАТА ЛЕКЦИЈА!

РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД НЕОДАМНЕШНИТЕ ТРАГИЧНИ СЛУЧУВАЊА

Родина Македонија искажува длабоко сочувство до семејствата и блиските на трагично починатите Вања и Панче. Згрозени сме од непрофесионалноста и реваншизмот на властите.Значително повеќе од "ловот на вештерки" во дваесет и првиот век во "европската демократија". За прв пат во македонската историја истражните органи, раководни лица, но и медиуми блиски до власта инсистираат во повеќе наврати дека сите сторители се од македонско етничко потекло! Јавно прашуваме, зошто никогаш досега не сте соопштиле дека сите сторители се од албанско потекло, на пример? Кога имало низа грозоморни, колективни злосторства?! И како влијае, етничкиот предзнак на истражната посапка? И на разрешување на случајот? Не добивме одговор на клучните прашања на јавноста. На пример: дали полицијата знаела за убиството на пензионерот, но криеле за да не се вознемири јавноста за време на…

ПрочитајРЕАКЦИЈА ПО ПОВОД НЕОДАМНЕШНИТЕ ТРАГИЧНИ СЛУЧУВАЊА

5 ГОДИНИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ НА 30-ти СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА И ТРИТЕ НЕ!

Референдумите се највисокиот институт во едно демократско општество. Тие се репрезент на волјата на нацијата под која сите општествени чинители треба да се подвигнат. Посебно политичките партии, како главни чинители во општествениот живот на државата. За жал, кај нас политичкиот систем е целосно морално деформиран и ставен во корист на туѓи интереси, игнорирајќи ја волјата на нацијата.  Тука би сакале да ги издвоиме претставниците на западните земји, кои грубо се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија,не почитувајќи ја волјата на македонската нација. Македонскиот народ нема да го заборави нивното директно вклучување и менаџирање на геноцидниот проект од 30 Септрември 2018 година, каде сакаа да нѐ наместат да се самоизбришиме. Овака, бришењето на македонскиот народ е на рацете на западните колонизаторски сили, кои еден ден сигурно ќе одговараат пред…

Прочитај5 ГОДИНИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ НА 30-ти СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА И ТРИТЕ НЕ!

УСТАВНИОТ СУД ОДАМНА Е НЕНАДЛЕЖЕН СУД!

Уставниот суд одлучи дека е ненадлежен за Преспанскиот договор. Оваа одлука не е изненадувачка, бидејќи одамна овој суд е ненадлежен за кршењето на Уставот и е ставен целосно во служба на туѓите интереси и партиската мафија. Со Преспански договор, инаку потпишан од неовластено лице, Министер, а не Претседател, се смени уставното име на Република Македонија. Ако на ова го додадеме и Референдумот од 30 септември 2018 година, како највисок демократски институт во демократијата кој го спречува промена на името, Уставниот суд се приклучува во институции кои се соучесници во уривање на уставниот поредок. Нормално е тие судии во ваквите политички околности да се чувствуваат комотно во неизвршување на нивните функции, како судии на Уставен суд, за кои се платени од македонскиот народ. Но, животот е тркалото, тој што…

ПрочитајУСТАВНИОТ СУД ОДАМНА Е НЕНАДЛЕЖЕН СУД!

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕРУВАЊЕTO НА РУСКИТЕ ДИПЛОМАТИ И СВЕШТЕНОТО ЛИЦЕ

НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА НА ДУИ Е ОДЛИКА НА МЕНТАЛИТЕТ НА ТЕРОРИСТИ! „Северната“ дивоградба тоне сѐ подлабоко во депонијата на умрените западни колонии. Повторно се протерани руски дипломати, овој пат и свештено лице! Во услови кога западните амбасадори грубо се мешаат во сите внатрешни работи на Македонија, па дури се вклучени и во криминални проекти како оној на Бехтел и Енка, Министерството за тероризам брка сѐ што не е на линијата на криминал, корупција и исламизација на Македонија. Овие терористи од ДУИ дури се дрзнаа да избркаат свештено лице, грубо мешајќи се во црковниот живот на православната црква и македонскиот православен народ, додека низ Македонија крстарат црни пари од нивните фондови. Не зачудува молкот на политичките партии, интелектуалците, но и црковните лица за оваквиот варварски чин. Праќаме јасна порака до…

ПрочитајРЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕРУВАЊЕTO НА РУСКИТЕ ДИПЛОМАТИ И СВЕШТЕНОТО ЛИЦЕ

СРАМ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 100 ГОДИНИ ВОЗДУХОПЛОСТВО НА МАКЕДОНИЈА!

На 16 септември македонското воздухоплоство одбележува 100 години.И повторно срам, голем срам и понижување на македонскиот народ! Грчки авиони ќе го одбележат овој празник на македонското небо! Родина Македонија прашува, дали ќе носат напалм бомби, да нѐ потсетат на 1948?Но сега напалмот е пософистициран, се нарекува политички притисок, европско знаменце, шарени револуции, терористи во власт, насилна промена на име, знаме, јазик, Бугари во Устав, територијална поделба, рамковни договори, итн. Може да ја прашаме и американската амбасадорка, дали има некој нов американски авион за таква намена, како во не така далечната 1948, кога САД на грчката авијација ѝ ги испорачува модернизираните авион „Хелдивер“ кои ги бомбардираа македонските села и градови? За овој срам и понижување на Република Македонија и македонскиот народ еден ден ќе се одговара пред народниот суд!…

ПрочитајСРАМ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 100 ГОДИНИ ВОЗДУХОПЛОСТВО НА МАКЕДОНИЈА!

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ВО СРЦЕТО НА МАКЕДОНИЈА!

Родина Македонија е згрозена од однесувањето на институциите на западната колонија „Северна“, која очигледно повеќе не е ниту колонија, туку башибозук на големоалбанската идеја и западните амбасадори, во услови кога се создава голема албанија на нејзината територија. Замената на името на Втората македонска партизанска бригада, која даде 300 млади животи во борба против фашистите, со име на странец кој ја застапува идејата за голема Албанија, идеја против која се бореа токму тие борци, е чин на непријателство кон македонскиот народ, ревизија на историјата, односно победата на НОБ и предавство на државата. Оваков молк, во услови кога се погазени Уставот, законите, симболите на државата, не се случувало ниту во најзаостанатите колонии на англосаконскиот свет. Почекавме ден за да ја видиме реакцијата на СДС, но и на нивните коалициони партнери…

ПрочитајГОЛЕМА АЛБАНИЈА ВО СРЦЕТО НА МАКЕДОНИЈА!

АМНЕСТИЈА НА ЗЛОСТОРСТВАТА

Марионетската Влада на Република Северна, на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување со насоки за измена и дополнување на Уставот и одлучи документот да биде доставен до Собранието на Република Северна. Нивната зададена Агенда поради која се донесени на власт е целосно обезличување на државата во сите нејзини сегменти, а пред сѐ уништување на стожерот на државноста, македонскиот народ, така што овој потег е повеќе од очекуван. Емисарите кои како гладни кучиња кои се редат пред касапница, со децении наназад, пред периодот на реализација на нивниот зацртан план, со флоскулата, „Направете го уште ова и сите патишта кон убав, богат, лагоден живот ви се отворени“, не изостанаа и овој пат! Дури ветија и дека повеќе никој ништо нема да бара од нас само…

ПрочитајАМНЕСТИЈА НА ЗЛОСТОРСТВАТА

РУДНИК НА СМРТТА ВО СТРУМИЦА НЕМА ДА ИМА!

Родина Македонија е згрозена од корумпираноста на судството, но и од „транспарентноста“ на „македонската“ влада предводена од Ковачевски, каде тивко во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 141 од 4.7.2023 г. објави одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, која е клучна и која беше и најголема пречка за добивање на дозвола за експлоатација! Судството уште еднаш расцвета како пупка, под притисок на кешот, партиските интереси и интересите на меѓународните корпорации. Македонецот треба да разбере дека повеќе немаме правна држава и дека треба да ги земеме работите во свои раце. Интересно е како на владите на оваа карикатурна творба која носи име „Северна“ пред медиумите устите им се полни со демократија, транспарентност и отчетност, а во тајност носат одлуки кои влијаат на еден цел регион богат…

ПрочитајРУДНИК НА СМРТТА ВО СТРУМИЦА НЕМА ДА ИМА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА Е ЗГРОЗЕНА ОД ИЗЈАВАТА НА ЈАНС СТОЛТЕНБЕРГ ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУРАНОТ!

Шефот на НАТО, Јанс Столтенберг неодамна изјави дека горењето на Куранот претставува „Слобода на говор“. Господинот Столтенберг, но и целата геноцидна воена организација НАТО со која тој раководи, очигледно има проблем со разбирање на светот, па токму тоа е и една од главните причини за така нискиот рејтинг на НАТО во светот. Господине Столтенбер, Куран е света книга за Муслиманите, таа треба да се заштити, чува и почитува. Палењето на света книга е варварски чин. А кога НАТО поддржува варварски чин, што ни покажува тоа? Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! Пополнете пристапница: https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА Е ЗГРОЗЕНА ОД ИЗЈАВАТА НА ЈАНС СТОЛТЕНБЕРГ ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУРАНОТ!