Поддршка на Сенародниот собир

Родина Македонија искажува целосна поддршка на Сенародниот собир ПРОТИВ Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, организиран од Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архепископија. Како организација која е произлезена од родот наш македонски, секогаш ќе бидеме на браникот на македонскиот начин на живеење, кој е богатство од духовност, култура, традиција, меѓуетничка толеранција, почитување и пред се живеење по законите на Бога и праведноста. Првиот принцип од тој закон е: #ИмамеДолжност да ги заштитиме децата!

ПрочитајПоддршка на Сенародниот собир

ПОВИК

Почитувани браќа и сестри, членови и поддржувачи на РОДИНА МАКЕДОНИЈА, Македонци и Македонки по род, државјанство и самоопределба, сите свесни луѓе, ве повикуваме на МИРЕН ПРОТЕСТ НА 29 ЈУНИ 2023 ГОД. ВО 18 ЧАСОТ ПРЕД СОБОРНИОТ ХРАМ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" Да ја поддржиме нашата црква МПЦ - ОА во нејзините залагања за заштита на децата; Да искажеме револт и незадоволство од хунтата на власт, прикриената диктатура и нивните глобало-декадентски закони и практики, ништењето на нашите род, народ, култура и традиции. Да излеземе во што поголем број и силно да покажеме дека нема да им помине културолошкиот геноцид и етноцид. Македонија на Македонците! Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија https://t.me/rodina_makedonija Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! Пристапница

ПрочитајПОВИК

II СОБРАНИЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Ја известуваме јавноста дека на ден 20.05.2023 година, во седиштето на Родина Македонија, во центарот на градот Скопје, се одржа второто Собрание на политичката партија Родина Македонија. На седницата зедоа учество делегати од општинските одбори, претседавачи на комисии, членови на претседателството, членови на Советот на иницијатори, како и членови во својство на гости. Претседавачот на претседателството на Родина Македонија Зоран Јованчев, имаше воведно излагање за досегашното работење на политичката партија Родина Македонија. Во неговиот извештај беше опфатен периодот од самите почетоци, кога формирањето на Родина Македонија се најави како инцијатива на 13 јануари 2019 г., ден Василица, потоа предизвиците со пандемијата, судските рочишта, учеството на локалните избори, активностите на терен, прогонот на нашите активисти, итн. Кога ќе се собере сѐ заедно, Родина Македонија прерасна во препознатлив субјект кој…

ПрочитајII СОБРАНИЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Родина Македонија по повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот, оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот „Денот на победата“.

Пред 78 години, благодарение на Црвената армија и НОБ на јужно словенските народи, Македонецот конечно го реализираше идеалот за сопствена држава на 49% од неговата етничката територија. Денес, таа победа, на перфиден начин ни се одзема дел по дел.Се повампирија повторно истите сили како од времето на хитлерова германија. Ние тоа нема да го дозволиме!Верни на идеалите на нашите претци, кои со своите животи во милениуми генерации се вградуваа во идеалот за слободна суверена Македонија, ние ќе продолжиме по истиот пат. Слава им!

ПрочитајРодина Македонија по повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот, оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот „Денот на победата“.

СОЧУВСТВО ДО СРПСКИОТ НАРОД ЗА ЖРТВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“

Со голема тага ја примивме страшната вест за убиствата во училиштето „Владислав Рибникар“.Од нашата организација и македонскиот народ ви испраќаме молитви за мир на душите, сочувство до семејствата и до целиот братски српски народ.На повредените им посакуваме успешно опоравување. Бидете силни и единствени во овие тешки моменти!Како припадници на истиот славјански род, време е да ги поставиме нашите општества на вредностите кои ги красеа нашите народи.

ПрочитајСОЧУВСТВО ДО СРПСКИОТ НАРОД ЗА ЖРТВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА

На покана на Амбасадата на Руската Федерација, а по повод Меѓународниот ден на космонаутиката, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин советски космонаут направил успешен лет во вселената, прв во светската историја. Полетувајќи од космодромот Бајконур, неговото вселенско летало Восток-1 направило една обиколка околу Земјата и успешно слетало во регионот Саратов. Летот траел 108 минути, а два дена подоцна народот во Москва го пречекал со радост новиот херој, вселенскиот пионер. Историчарот Александар Железњаков ќе каже: „Гагарин го трансформираше човештвото од едноставен биолошки вид во вид кој може да го замисли целиот универзум надвор од Земјата.“ Во 2011 година овој ден, 12 април се прогласи за Меѓународен ден на космонаутиката од страна на Генералното собрание на ОН…

ПрочитајМЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА

АПЕЛ ЗА МАСОВНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ИЗЈАВАТА ЗА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА МПЦ-ОА

#ОРГАНИЗАЦИЈАТАРОДИНАМАКЕДОНИЈА Испраќа јавен АПЕЛ ЗА МАСОВНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ИЗЈАВАТА ЗА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА МПЦ - ОА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ja споделува загриженоста на верниците за името, статусот и достоинството на МПЦ-ОА и во таа смисла ја поздравува петицијата со Изјава за Декларација за МПЦ-ОА, како поддршка на Светиот Aрхиерејски Синод на МПЦ-ОА. Затоа јавно го повикуваме македонскиот народ масовно да ја потпише Декларацијата за МПЦ-ОА! Очекуваме Декларациите бидат доставени до САС на МПЦ-ОА! Ги повикуваме и охрабруваме САС на МПЦ-ОА да го послуша гласот на верниците, затоа што во Изјавата за Декларација за МПЦ-ОА сѐ е за доброто на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и верниот македонски народ! РОДИНА МАКЕДОНИЈА смета дека Црквата-наследничка на Охридската Климентова Архепископија и Јустинијана Прима нема потреба од дополнителни признавања на…

ПрочитајАПЕЛ ЗА МАСОВНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ИЗЈАВАТА ЗА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА МПЦ-ОА

ДЛАБОКО СОЧУВСТВО ДО ЖРТВИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА!

Родина Македонија искажува длабоко сочувство до жртвите од земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија. Нашите молитви денес се за турскиот и сирискиот народ. Бог да ви даде сила да ги пребродите овие тешки мигови! Упатуваме апел до Владата на нашата земја, да прати итна помош во спасувачки екипи и хуманитарна помош.

ПрочитајДЛАБОКО СОЧУВСТВО ДО ЖРТВИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА!

ДЕЛЕГАЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА ВЕЧНОТО ПОЧИВАЛИШТЕ НА ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Делегација на Родина Македонија, составени од Коста Јовчевски, Виолетка Петковска и Томче Ширков положи свежо цвеќе во храмот Св. Спас, на вечното почивалиште на апостолот на македонската револуционерна борба за ослободување на Македонија, Гоце Делчев. Условите во кои се одвиваше целиот настан, беа крајно понижувачки, недемократски и не содејствуваа со големината и идеалот на Гоце. Колонијата која носи име на туѓа држава „Северна“, е спротивна на идејата на Гоце за слободна Македонија. Ние до крај остануваме верни токму на тој идеал, слободна и суверена Македонија! Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/embed/#?secret=M4m3l6dUel#?secret=yhFeyVOrVu

ПрочитајДЕЛЕГАЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА ВЕЧНОТО ПОЧИВАЛИШТЕ НА ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НА СОВЕТСКАТА АРМИЈА ВО ГОЛЕМАТА СТАЛИНГРАДСКА БИТКА!

Родина Македонија упатува братски честитки до рускиот и советските народи по повод 80 години од победата на Советската армија во битката за Сталингард. Македонскиот народ кој беше дел од антифашистичката коалиција, не ја заборава жртвата на рускиот и советските народи, без кои немаше да се победи фашизмот. Ние се поклонуваме на тие жртви!

Прочитај80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НА СОВЕТСКАТА АРМИЈА ВО ГОЛЕМАТА СТАЛИНГРАДСКА БИТКА!