На третата седница на Централниот одбор на Родна Македонија беше разгледан извештајот на Претседавачот на Претседателството Зоран Јованчев, од средбите со кандидатот за Претседател, проф. д-р Вело Марковски за претстојните претседателски избори во Република Македонија. Донесен е заклучок дека двете платформи, и таа на Родина Македонија и таа на проф. д-р Вело Марковски, во огромен дел се допираат и имаат заеднички суштински цели, од сопирање на сите штетни договори кои ги имаат сите елементи на геноцид врз македонскиот народ, борба против корупцијата, зачекорување во новиот мултиполарен свет и соработка со организации од Истокот, БРИКС, Евроазиската унија, како и развивање на добри односи со Русија и Кина, до возобнова на македонската нација. Проф. д-р Вело Марковски е првиот кандидат за Претседател на Република Македонија кој во својата платформа има…