НОВИТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ – НОВ ЕТНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

Колумна: Коста Јовчевски – Корчагин, Претседавач на Советот за Родина Во фаза сме кога наголемо се шпекулира и се малтретира народот во врска со издавањето на лични документи за македонските граѓани, а во согласност со т.н. „Преспански договор“. Според овој „договор“ личните документи требаме да ги промениме до 12 Февруари иако сега тој рок ќе биде нешто продолжен. Продолжен или одложен, но не и преиспитан, па се до негово укинувањ.             Уште во членот 1 точка 3 потточка а) од договорот променето ни е вековното име и некој се согласил дека „Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes...“ (а, како ли можеле предвреме да бидат толку сигурни дека тоа име навистина…

ПрочитајНОВИТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ – НОВ ЕТНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

ОФИЦИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОД НА МАКЕДОНИЈА ПО ISO СТАНДАРДИТЕ Е МК И МКД!

Официјалниот код на Македонија по ИСО меѓународните стандарди кои се во сила се МК и МКД! Врска до официјалната страна за ИСО кодови, https://www.iso.org/obp/ui/#iso:code:3166:MK Поставување на кратенката НМК е надвор од меѓународните стандари и истата е произволна и противзаконита! Како таква може да значи и „На Мајка ви Квинслишка“ (НМК), на пример. НМК може да е производ и на влажните соништа на бившиот министер на МВР, Оливер Спасовски и предавничката булумента на СДС, за задоволување на мазохистичките барања на грчкиот силувач, познат и признат од крајот на 19 век, со многуте извршени етнички чистења врз Македонците од егејскиот дел на Македонија. НМК може да е и специјална операција, како една од многуте други на западните специјални служби за бришење на Македонија. Во суштина ние сме влезени во анархија…

ПрочитајОФИЦИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОД НА МАКЕДОНИЈА ПО ISO СТАНДАРДИТЕ Е МК И МКД!

ИЗГЛАСАНА ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

На третата седница на Централниот одбор на Родна Македонија беше разгледан извештајот на Претседавачот на Претседателството Зоран Јованчев, од средбите со кандидатот за Претседател, проф. д-р  Вело Марковски за претстојните претседателски избори во Република Македонија. Донесен е заклучок дека двете платформи, и таа на Родина Македонија и таа на проф. д-р Вело Марковски, во огромен дел се допираат и имаат заеднички суштински цели, од сопирање на сите штетни договори кои ги имаат сите елементи на геноцид врз македонскиот народ, борба против корупцијата, зачекорување во новиот мултиполарен свет и соработка со организации од Истокот, БРИКС, Евроазиската унија, како и развивање на добри односи со Русија и Кина, до возобнова на македонската нација. Проф. д-р Вело Марковски е првиот кандидат за Претседател на Република Македонија кој во својата платформа има…

ПрочитајИЗГЛАСАНА ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИКИТЕ

Одвај поминаа два дена од составувањето на неуставната катетегорија „Пржинскавлада“, а веќе отсега можеме да ја насетиме големата „промена“ која сегашнава опозицијаја најавува со години наназад. Техничкиот министер (каде ли постои ваква креатура?) завнатрешни работи од редовите на ДПМНЕ, остварил средба со грчкиот амбасадор воРепублика Македонија. Можеби тоа не би било до толку чудно ако причината за средбатабила во врска со издавањето на новите лични документи, според духот на Преспанскиотдоговор, односно продолжувањето на рокот за нивно издавање. Оттука, не може а да не се запрашаме што значи оваа непромисленост или, можеби,е сето тоа добро осмислено, во функција на (о)позициската определба да им седодворуваат на европско - амриканските газди, со крајна цел доаѓање и останување навласт. Генерално, ова може да се подразбере единствено како барање начин за олеснувањена процедурата…

ПрочитајЕДИНСТВО ВО РАЗЛИКИТЕ

ПРЖИНСКАТА ВЛАДА, ДНОТО НА ДЕМОКРАТСТКОТО ЖИВЕЕЊЕ!

Во Македонија егзистираат уникатни политички модели кои не се видени во ниту една друга земја. Западните мешетари, олицетворени преку западните амбасадори и нивните служби, оваа територија ја имаат означено како територија на која ќе се реализираат експерименти од различен карактер. Таков модел е и пржинската влада која се изроди како консензус помеѓу ДПМНЕ и СДСМ, во услови на уривање на уставниот поредок на Република Македонија, кога тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, доби поддршка од служби на „големи“ земји. (види ПМ мерки, средба во Александар Палас, Никола Груевски-Зоран Заев), за уривање на легитимно избраната власт на Никола Груевски. Уште една деформација на овој веќе унаказен и нефункционален политички систем е поставување на дезертери и терористи на високи позиции. Талат Џафери, докажан елемент на терористичка организација, на чии раце…

ПрочитајПРЖИНСКАТА ВЛАДА, ДНОТО НА ДЕМОКРАТСТКОТО ЖИВЕЕЊЕ!

НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ГРУБО ГИ КРШАТ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Во новите лични документи, кога се работи за македонскиот народ, се брише националноста Македонец и истата преминува во граѓанин на Република Северна Македонија, што претставува грубо кршење на индивидуалното право за национална самоопределба на секој еден човек. Свесни сме дека изворот на оваквата деформација се западните сили кои создаваат нов ентитет, граѓанин на Република Северна Македонија, селектиран од одродот на македонскиот народ и кој по системот на негативна селекција е поставен да управувава со нашата држава Република Македонија, создавајќи ненормални услови за Македонците, македонското. Обврска е на целиот македонски народ и неговите организации, да реагираме заедно против оваквиот фашистички чин, каде се наметнува одродничка националност врз цел еден народ, грубо кршејќи го основното човеково право на самоопределба. Ние немаме ништо против одредени наши сонародници, кои поради патот кон…

ПрочитајНОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ГРУБО ГИ КРШАТ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР ТАЛАТ ЏАФЕРИ, НЕНАУЧЕНАТА ЛЕКЦИЈА!

Не помина ниту месец од грозоморните убиства кои ја доведоа целата нацијата во шок, имаме повторно пример на неказнивост кој произлегува од системот. Човек со крв на рацете на наши бранители и цивили, член на УЧК, човек кој ја соблече униформата на својата земја, за да се бори за туѓа кауза, неказнено се движи низ системот, од Министер за одбрана во времето на ВМРО-ДПМНЕ, па до Претседател на Собранието во време на СДС, избран на диво, на скали, за да денес биде предлог за технички премиер. Овој систем кој 30 години го вади најлошото од луѓето и најлошите ги поставува високо горе, систем кој не го казнува злосторството и криминалот и истиот го заштитува, денес ни е претставен како некој демократски проевропски систем, кој треба да нѐ однесе…

ПрочитајТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР ТАЛАТ ЏАФЕРИ, НЕНАУЧЕНАТА ЛЕКЦИЈА!

5 ГОДИНИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ НА 30-ти СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА И ТРИТЕ НЕ!

Референдумите се највисокиот институт во едно демократско општество. Тие се репрезент на волјата на нацијата под која сите општествени чинители треба да се подвигнат. Посебно политичките партии, како главни чинители во општествениот живот на државата. За жал, кај нас политичкиот систем е целосно морално деформиран и ставен во корист на туѓи интереси, игнорирајќи ја волјата на нацијата.  Тука би сакале да ги издвоиме претставниците на западните земји, кои грубо се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија,не почитувајќи ја волјата на македонската нација. Македонскиот народ нема да го заборави нивното директно вклучување и менаџирање на геноцидниот проект од 30 Септрември 2018 година, каде сакаа да нѐ наместат да се самоизбришиме. Овака, бришењето на македонскиот народ е на рацете на западните колонизаторски сили, кои еден ден сигурно ќе одговараат пред…

Прочитај5 ГОДИНИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ НА 30-ти СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА И ТРИТЕ НЕ!

УСТАВНИОТ СУД ОДАМНА Е НЕНАДЛЕЖЕН СУД!

Уставниот суд одлучи дека е ненадлежен за Преспанскиот договор. Оваа одлука не е изненадувачка, бидејќи одамна овој суд е ненадлежен за кршењето на Уставот и е ставен целосно во служба на туѓите интереси и партиската мафија. Со Преспански договор, инаку потпишан од неовластено лице, Министер, а не Претседател, се смени уставното име на Република Македонија. Ако на ова го додадеме и Референдумот од 30 септември 2018 година, како највисок демократски институт во демократијата кој го спречува промена на името, Уставниот суд се приклучува во институции кои се соучесници во уривање на уставниот поредок. Нормално е тие судии во ваквите политички околности да се чувствуваат комотно во неизвршување на нивните функции, како судии на Уставен суд, за кои се платени од македонскиот народ. Но, животот е тркалото, тој што…

ПрочитајУСТАВНИОТ СУД ОДАМНА Е НЕНАДЛЕЖЕН СУД!

ЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ ДРЖАВАТА

  • Post category:Колумна

Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија Реченицата или секвенцата " Ќе ја изгубиме државата" е многу употребувана и злоупотребувана во поновата историја на Македонија. Но од кога хунтата стана власт и од кога Република Македонија стана "Нашата земја" енормно зачести употребата на таа реченица! Со цел, никој да не ве лаже, но и да кажеме и направиме нешто добро, ќе ја елаборираме истата таа реченица: 1) Многу погрешно дури погубно за нас, е фактот што некои луѓе, групи и функции ја поистоветуваат државата со : татковината, идентитетот, битот, културата, народот, традицијата. Ако сакате државата ја поистоветуваат со Родината!Значи да се разбереме, државата ја изгубивме многу одамна…Државата "Народна република Македонија" подоцна наречена СР Македонија ја изгубивме 1991. Тогаш ја изгубивме вистинската македонска држава.Кога ја добивме Република…

ПрочитајЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ ДРЖАВАТА