Симболика на стравот на Хунта пред распаѓање која праќа 10 полицајци на стар професор кој ја пее Химната.

Добро утро НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, уште еден сончев ден во нашата татковина Македонија во историјата ќе биде запишан како црн датум. Уапсен е Нестор Огинар! Продавачите на евРОПСКА магла и слуги на нато, односно окупационата управа во Македонија, кои себе си се нарекуваат влада на северџганија, засилено продолжуваат со својата злосторничка агенда. Професорот Огинар за жал не изврши злосторство против човештвото за да седне во окупаторската влада. За жал тој само гласно го изговори името на својата татковина Македонија, на македонска земја, во нејзиниот главен град Скопје. Окупаторот уапси интелектуалец од светски рамки, универзитетски професор, борец за човекови права, голем македонски родољуб. Родина најсилно го осудува ова изживување врз македонскиот народ, и повикуваме веднаш и безусловно да бидат ослободени сите Македонци затворени за јавно изразена љубов кон својата татковина.…

ПрочитајСимболика на стравот на Хунта пред распаѓање која праќа 10 полицајци на стар професор кој ја пее Химната.

Стоп за Орвеловската цензура на социјалните мрежи и преќутното одобрување на сите институции и корумпираните политички елити

Родина - Македонија го осудува најновиот бран на Орвеловската глобалофашистичка и анти-демократска цензура на Македонски патриотски портали и блогови како и лични постови на профили на поединци на  социјалните мрежи. Бришењето на објави или забрани за објави како и злоуотреба на алгоритмите во осенчување на патриотскиот Македонски глас како што беше случај со Дудинка.орг, Коложег.инфо, Слободен Свет и многу други портали, блогови и поединци итн, ја соголува диктаторската и недемократска природа на однадвор наметната нелегитимна Хунта која е свесна дека нема подршка во народот и дека со аргументи не може да победи. Родина истовремено жестоко го осудува и молкот и преќутното одобрување на сите институции и сите корумпирани политички елити во Македонија на вакви жестоки акти потив слободата на говорот, слободата на мислење и против слободата на поединецот…

ПрочитајСтоп за Орвеловската цензура на социјалните мрежи и преќутното одобрување на сите институции и корумпираните политички елити