БИДЕТЕ ДЕЛ ОД РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

You are currently viewing БИДЕТЕ ДЕЛ ОД РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Родина Македонија после сите премрежја, продолжува со активности за формирање на локалните и задгранични ограноци, комисии, работни тела.

Живееме како во времето од минатиот век, кога Македонија беше темен вилает на Отоманската империја. Каде може да убиеш дете, да прегазиш дете, да украдеш, да бидеш снимен и да бидеш премиер, вице премиер, министер, инспектор, судија, обвинител. Феудалците со своите феудални поседи ги опустошија општините, деца се помалку има, народ се помалку живее на нашата земја.

Говорот и делата на омраза на политичките „елити“, слуги на туѓите западни интереси кон македонскиот народ и Македонија, ги има сите знаци на фашизам. Се забранува името Македонија и се што е македонско! Се бришат сите атрибути на Македонците и Македонија. Се следат и апсат Македонци.

Овој безалтернативен евроатлански правец кој го живееме веќе 3 децении е правец на погреб на нашата држава.

Македонија е обврска на сите нас!

Доста бевме надвор од системот, каде двете политички коалиции манипулираа со нас и тргуваа со нас.

Мнозинството сме ние народот, кој од утро до мрак ја полни народната каса Буџет на Република Македонија, а која ненаситните политичките елити, една за друга ќе кажат дека ја празнеле со милијарди евра, во приватни џебови, со рекетарски шеми.

На Родина Македонија и се потребни Македонци и Македонки кои се почитувани во средините каде живеат, домаќини, без криминален и политички багаж, луѓе кои ќе ги возобноват нашите македонски вредносни системи, луѓе кои ќе служат на македонскиот народ и Македонија во чест, морал,праведност, знаење и собороност.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од општински и задгранични ограноци, комисии, работни тела, бидете пример на Македонец, Македонка кои ќе служат со најдоброто од себе, заедно со своите браќа и сестри, за нашиот македонски народ, во интерес на македонската нација и добробит на нашата Македонија.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/