(ВИДЕО) Родина Македонија: Реакција по истек на барањето, парламентарните опозициски партии да го напуштат собранието

Родина Македонија како народна партија работи пред сѐ за добробит на својот народ. Затоа остануваме на својот јасен став дека блокирање на клучните раскрсници во време кога граѓаните се враќаат од своите работни места, освен нервоза, гнев и хаос во сообраќајот, но и раскол помеѓу Македонците, не носи никакви резултати.

Ние исто така остануваме доследни на ставот дека сѐ освен парализирање на институциите на системот (посебно од внатре), се само јалови обиди да се разниша конструктот „Северна“, освен ако сето ова не е уште едно однапред испланирано алиби за неуспехот.

Имено, субјектите на кои од наша страна им беше сугерирано да го напуштат Собранието и институциите, а со тоа да го парализираат системот како главен предуслов за масовно излегување на Македонците и блокирање на цела Македонија; останаа глуви! Родина Македонија во наредниот период ќе разгледа и изгради сопствени, алтернативни начини на борба против злото „Северна” и ќе продолжи да делува во насока на соборување на ХУНТАТА на истата „северна” пред сѐ слушајќи го гласот и предлозите на обичниот македонски народ, бидејќи сме дел од него и негов репрезент, трибун и апологет. Во овие моменти, како никогаш до сега, посебно поради вчерашниот директен атак врз Македонците од страна на Претседателот на САД кој застана во одбрана на хунтата на „Северна”, на Македонија ѝ е потребно сѐнародно обединување! Тоа е основен предуслов за гол опстанок на нашата држава, нација идентитет, историја, култура…

Токму затоа, Родина Македонија нема да соработува со колебливите, нерешителни и контролирани индивидуи, здруженија и партии. Организираниот отпор само што започна, време е за нови идеи, максими и парадигми!

РОДИНА ЈА ВРАЌА МАКЕДОНИЈА

Македонија на Македонците

Прес центар-Родина Македонија 10.6.2021

Напишете коментар