ДА ГИ ВРАТИМЕ ОПШТИНИТЕ ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ И КАКО ДЕЛ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

You are currently viewing ДА ГИ ВРАТИМЕ ОПШТИНИТЕ ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ И КАКО ДЕЛ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ЈАВЕН ПОВИК  

КОАЛИЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД,  ВИСТИНСКИТЕ НАРОДНИ ДВИЖЕЊА,  до  Македонците по род и државјанство. 

Креирање на НАРОДНИ ЛИСТИ И КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ на  општините во Република Македонија.

ДА ГИ ВРАТИМЕ ОПШТИНИТЕ ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ И КАКО ДЕЛ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Катастрофалната, самоуништувачка  30 годишна досегашна политичка агенда на најголемите политички партии се причина за тоталниот распад на државата Македонија, е најголемиот поттик за една оваква взаемна коалиција.

Само македонскиот народ, кој е суверенот на нашата држава може и има право да одлучи кој ќе го преставува во институциите на системот.

Водени од парадигмата дека секој од нас најдобро знае кој во неговата средина би можел да биде негов репрезент, упатуваме повик за предлози за кандидати за градоначалници и советници.

Основната идеолошка матрица на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е родољубието, честа, моралот, знаењето и професионализмот да завладеат во основните клетки, општините на Република Македонија, а со тоа да го започенеме и процесот на возобновување на Суверена, Независна, Народна Република Македонија, дом на секој Македонец, рамноправен член во надоаѓачкиот постзападен, праведен, мултикултурен свет.

Услов за пријавување е да се согласувате со програмските цели и идеологијата на Родина Македонија и да пристапувате кон оваа цел за добробит на Македонскиот народ. Членувањето во Родина Македонија не е услов.

Само заедно сплотени можеме да си го вратиме изгубеното достоинство и да направиме нешто за себе и за идните генерации.

Доколку си Македонец, Македонка, без политички, криминоген багаж, ја љубиш својата земја и народ и сакаш да бидеш дел од возобновувањето на Република Македонија, пријави се на organizacija@rodina.org.mk