ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Е ТРАНСПАРЕНТНО БЕЛО ЗНАМЕ ПРЕД ГОЛЕМОАЛБАНСКИТЕ АПЕТИТИ!

You are currently viewing ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Е ТРАНСПАРЕНТНО БЕЛО ЗНАМЕ ПРЕД ГОЛЕМОАЛБАНСКИТЕ АПЕТИТИ!

Во Собранието во тек е расправата за Предлог закон за добивање на македонско државјанство, инициран од страна на партиите Алијансата за Албанците и Алтернатива.
Во прчијата Северџанија, Бог одамна ја однесе шегата, затоа владее лудилото и смоволието на албанските партии, цврсто подржано од двете големи политички т.н. македонски партии.

Имено, наводно под плаштот решавање на статусот на граѓаните апартиди, луѓе без државјанство, се планира тотално албанизирање на Македонија, станува збор за Предлог закон со кој, наводно, треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста (8-ми септември 1991) живееле во земјава. Според кој тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила.

Условите за добивање на македонско државјанство се граничат со тотална имбецилност, монти пајтонска пародија за вредносување на македонскот државен интегритет.

Тривијално е да ги набројуваме предложените услови за добивање државјанство, но токму тие се актуелна тема и сериозно нарушување на општо прифатените европски, но и универзлни, критериуми за добивање на државјанство. И како парадокс на цела таа наменски конструирана идиотариа, владата, секако нелегитимна и предавничка, грото непризнаена од народот, боцна европско знаменце на предлог законот, услов за брза постапка и го испрати до Собранието!

Од предложените 16 критериуми, доволно е кандидатот да достави само еден!

Платените сметки за комуналии, струја, вода, греење, телефон, се само дел од документите што ќе може да ги приложат, како услов, за да стекнат со правото на државјанство. Доказ дека барателот на државјанство завршил школо тука или можеби некој бил на студентска размена, поседувње на работничка книшка, бил на лекар, има имот, работи во земјава, тука има штедна книшка итн.
Предлог е и услов од седум години престој во државава наместо досегашните осум. Странец кој живее на територија на Македонија може да се стекне со државјанство, законски, со природување, без да има отпуст од од државјанство од друга земја, односно наместо досегашните три години да се намали на една година. Странец кој е во брак со македонски државјанин најмалку три години а во земјава живее најмалку една година, притоа не мора да знае македонски јазик. Странци кои се во брак со македонски државјани најмалку осум години, не живеат тука, но со земјата имаат цврста и ефективна поврзаност.

Ние во Родина Македонија сметаме дека начинот на кој што е формулиран предлог законот е непрецизен и не го решава проблемот на лицата без државјанство а грото од предложените решенија се спротивни на меѓунадните конвенции кои се наведени како извори за донесување на овој закон.
Битно е да се нотира, иако во јавните говори на предлагачите на законот се потенцира решавањето на бездржавјанството, во предлог законот никаде не се потенцирано споменати лицата без државјанство на кои би им се олеснила натурализацијата, како што се наведени во член 7-а од веќе постоечкиот Закон за државјанство.

Предлог законов е типична деградација на правниот систем. Примарна цел е добивање на државјанства на жители од соседно Косово, но и ‘‘депонија‘‘ на население кои тие не сакаат да го примат назад, поради нивното етничко потекло! Всушност грото државјанства се со целна понатамошна агенда, за лица кои ниту живееле ниту можеби ќе живеат во Македонија, но ќе бидат сериозна алатка за понатамошно остварување на нивни црни сценарија.
Родина Македонија апелира да се отфрли овој предлог закон, кој несомено ќе остави трајни проблеми, закон кој има за цел, промена на демографско-етничка карта на населението во Република Македонија.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ВЕТУВА ДЕКА ПРИ ПРВИТЕ СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ ЌЕ ГО ПОНИШТИ ОВОЈ ЗАКОН , ако се усвои И ЌЕ ОВОЗМОЖИ ФУНКЦИОНАЛЕН ПРАВЕН СИСТЕМ НА РЕВИДИРАЊЕ НА СИТЕ ДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНСТВА ОД 1991 ГОДИНА НАВАМУ!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

Пристапница