Почитувани членови,Почитувани донатори,Почитувани браќа и сестри по род,Како што веќе забележувате на социјалните мрежи, Родина Македонија е активно вклучена во кампањата #НеОтворамВрата, #НеОтварамВрата. Оваа кампања е само мал дел од проектот #ВраќањеНаМакедонија кој ќе го образложиме и реализираме во блиска иднина.Со цел тековната кампања да доживее вистински успех, сметаме дека е потребно да излеземе и надвор од социјалните мрежи, односно да ја шириме идејата преку печатен материјал. А за тоа се потребни финансиски средства.Нагласувавме неколку пати, Родина Македонија нема олигарси финансиери, туку се финансира од сите нас, од народот. Свесни сме дека поимот партија кај нас е на лош глас, но наше видување е дека луѓето ја прават партијата и за жал, во моментов единствен начин нешто да се постигне е преку партиска активност. Ние сме волни да покажеме и докажеме дека имаме високо родољубни и пред сѐ човечки намери, а за тоа ни е потребна вашата поддршка.Упатуваме повик до секој кој е во можност да уплати членарина или донација. Доколку сакате вашите средства исклучиво да бидат наменети за проектот #ВраќањеНаМакедонија, односно во моментов кампањата #НеОтворамВрата, #НеОтварамВрата, Ве молиме вашите средства уплатете ги со цел на дознака П-2021-001.Ве молиме не се срамете од износот, и 100 денари се донација. Капка по капка – море. Инструкции за плаќање тука: http://bit.ly/3122uUw

#РодинаЗаМакедонија

#ЗаедноСмеПосилни

Напишете коментар