Skip to content Skip to footer

Програмска Целина - Меѓународни односи

Од основните програмски цели

  1. Поднесување барање за учество во во сите глобални и регионални ЕвроАзиски интеграции, ЕАЕС, ШОС, Пат на Свилата итн.
  2. Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.

Стратешки Цели

Геостратешко репозиционирање на Македонија, дипломатско делување, представување и поврзување во полза на долгорочниот развој и стабилност на Македонската Држава.

Мерки за достигнување на целите

  • Со најновиот насилен обид да се внесе Македонија во НАТО по цена на губење на името на државата и на идентиетот на Македонскиот народ, Македонија мора да се дистанцира од оваа организација и да го повлече барањето за членство во неа. 
  • Македонија да поднесе итно барање за членство во ЕвроАзискиот Економски Сојуз – ЕАЕС и во Шангајската Организација за Соработка – ШОС. 
  • Македонија итно да ја ефектуира одлуката на Судот на Правдата во Хаг и да побара членство под уставното име во Обединетите Нации.
  • Македонија ќе ја проширува стратешката соработка со сите клучни светски и регионални сили, Русија, Кина, Турција, БРИКС, Новиот Пат на Свилата, Пат и Појас, и поврзување и вмрежување во постојните и новите светски транспортни, информатички, трговски и енергетски коридори.
  • Во соседството ќе започнеме процеси на преговори за воспоставување на регион со еднакви права и обврски кон малцинствата во секоја од земјите.
  • Ревизија на македонските дипломатски представништва и нивно реструктиурање во согласност со идните потреби.
  • Ревизија на персоналниот состав во МНР и сите амбасади и представништва.
  • Отворање дипломатска школа во рамките на МНР водена од искусен и патриотски дипломатски кадар низ чија обука ќе поминат сите сегашни и идни дипломати.

Спроведување

  • (Родина ќе ги почне овие активности како врвен приоритет на новиот парламент, влада и други инситуиции за веднаш официјално да постапат по сите овие барања. Да се доработи детален Геостратешки Документ во рамките на усвоените основни програмски цели и во согласност со Македонска Доктрина)
  • Македонските Меѓународни Односи ќе се исполнуваат централизирано од владата и министерствата под надзор на Претседателот на Републиката и со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.

Македонските Меѓународни Односи ќе се исполнуваат со паралелно применување на останатите основни цели

  • Македонскиот државен и политички систем се заснова на Македонска Доктрина и Национална Стратегија на Развој на државно уредување базирана на древниот вековен опит и во склад со новите светски општествено-државни и геостратешки хоризонти кои се оцртуваат и ќе го заменат неолибералниот глобалистички светски поредок кој се распаѓа и заминува во историјата. (види програмски дел – Политички Систем)
  • Економската политика која ќе обезбедува целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал (види програмски дел – Државна Администрација)

Вашите предлози за Програмската Целина – Меѓународни односи може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.