Skip to content Skip to footer

Програмска целина - Политички систем

Од основните програмски цели

  1. Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.
  2. Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
  3. Поништување на сите закони и меѓународни договори донесени од нелегитимните анти-уставни, пучистички и самонаречени собрание и влада од 27ми Април 2017 наваму.
  4. Поништување на Пржинските и Охридскиот договор и сите последици произлезени од нив.
  5. Враќање на законот за локална самоуправа од пред 2004та година.
  6. Поништување на регистрацијата на сите политички партии и ре-регистрација само на оние чии програми не се косат со Уставот на Република Македонија од 1991.
  7. Одземање и повторно објавување конкурс за лиценци на сите медиуми.
  8. Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
  9. Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства незаконски доделени од политички причини од 1991 наваму.
  10. Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија, издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.
  11. Прочистување на сите Македонски Институции од кадар лојален на туѓи интереси.
  12. Забрана за учество во политика со повеќе од два мандати за секого, а општа забрана за учество во политика и вршење јавни функции на амнестирани и аболицирани лица вмешани во био каков криминал  и отворање на процес со судско -правна разврска и конфискација на имотот на корумпираните нелегитимни елити.

Основни Стратешки Цели 

  • Македонија е организирана како Република со Претседателски систем каде никој нема право да ги менува уставните темели на Македонија како држава на македонскиот народ.
  • Македонскиот државен и политички систем се заснова на Македонска Доктрина и Национална Стратегија на Развој на државно уредување базирана на древниот вековен опит и во склад со новите светски општествено-државни и геостратешки хоризонти кои се оцртуваат и ќе го заменат неолибералниот глобалистички светски поредок кој се распаѓа и заминува во историјата.

Политички Систем

Претседател – Македонија ја раководи претседател кој се избира на рок од 5 години, најмногу на два мандати и на основа на програма за развој на Македонија во тој мандат а во согласност со долгорочната Македонска Доктрина и Националната Стратегија на Развој. Претседателот именува Влада која ја спроведува неговата програма и која во секој момент може да ја промени. Претседателот ја представува Република Македонија во странство и е Командант на Македонските Вооружени и Полициски сили.

Влада – Владата на Република Македонија е назначена од Претседателот на Македонија и е составена од Премиер и Министри кои ги назначува Претседателот. Владата, Премиерот и секое министерство работи на спроведување во дело на програмата на Претседателот за што редовно се отчитува пред народот, собранието и Претседателот.

Општествени совети – со надзорна, консултативна и советодавна улога, составени од обични граѓани на Република Македонија професионалци од таа и други слични сфери ангажирани на про-боно основа  која ќе ја зголеми транспарентноста и пред кои, секое министерство и јавни институции ќе мора да се одчитува за минатата работа, тековните и планираните работи.

Собрание – Собранието има главна улога да го усогласува законодавството да биде во функција на спроведувањето на програмата на Престедателот и развојот на Република Македонија и се состои од 60 пратеници избирани на рок од 5 години избрани во една изборна единица која ја опфаќа целата територија на државата и максимум еден изборен мандат и предложени од политички партии или од група од 100 граѓани.

Политички партии – Регистрација на политички партии е дозволена само врз економска основа а не врз национална или идеолошка. Политичка партија се регистрира со 100 пристапници.

Судство – Професионално, патриотско и некорумпирано судство.

Уставен Суд – Назначен од Претседателот на Република Македонија со цел да ги брани темелните принципи на уставот на Република Македонија.

Политички мерки во согласност со основните цели

  • Поништување на Охридскиот и Пржинските договори како вонуставни и нелегитимни и престанување на дејствата на сите вонинституционални и анти-уставни решенија произлезени од нив!
  • Поништување на Преспанскиот договор
  •  Целосно отфрлање на Тиранската платформа!
  •  Поништување на договорот со Бугарија!
  • Прекинување на преговорите за името со Грција и барање за прием во ОН под уставното име Република Македонија а врз основа на одлуката на Меѓународниот Суд во Хаг!
  • Пре-регистрација на сите политички партии, невладини организации и здруженија на граѓани и забрана на работа на сите тие кои имаат анти-уставни програми или дејствија
  • Забрана на делување на странски организации страна чии програмски цели и дејствија се анти-уставни и забрана на финансирање од нивна страна на домашни агенти!
  • Забрана на финансирање од странство на домашни организации и медиуми од извори чија цел е ширење туѓа анти-македонска пропаганда на политичка, национална и верска основа!
  • Задолжително користење на Македонскиот јазик како официјален во сите национални и општински установи и органи на власт со задолжителен тест на знаење на вработените!
  • Задолжителна употреба на Македонското знаме како официјално во сите национални и општински установи, институиции и органи на власт со казна за непочитување!
  • Забрана за ширење на меѓунационална и верска омраза вклучително и забрана на работа и влез во земјата на вахабистички оџи спонзорирани од странство!
  • Попис на населението според меѓународна статистичка методологија!

Спроведување

Македонскиот политички систем ќе се реформира централизирано од Претседателот, владата и министерствата со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.

Вашите предлози за Програмската Целина – Политички систем може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.

12 Comments

  • Manji
    Posted 26 октомври 2019

    Устав на Македонија(ова не е комплетна верзија туку одприлика 30-40%, се со цел да се отвори дебата и со неа да се комплетира до 100%)

    1.Право на слободна вољја.(right for free will).

    2.Право на сопственост (right for property)

    3.Право на движење (right for free movement)

    -освен на приватни сопственици(постои простор за дебата)

    -освен на места дефинирани во собрание

    4.Право на мирис, вкус, вид, допир, слух.(right for smell, taste, sight, touch, hear)

    -освен за периоди надвор од работно време, туристички локации и локации од јавен интерес(дуќани, кафичи, ресторани, базени, плажи, јавни институции [комплетна транспарентност(освен информации од Државен интерес) итн…]

    5.Право на работа од 13 години старост(right to work from age of 13)

    -работно време:од 8 до 14 и 17-21 од недела до петок или од понеделник до сабота(простор за дебата или решение во собрание)

    -работно време надвор од горенаведеното да се плати прекувремено 1.5x-2x од редовната сатница

    -право на годишен одмор 2 месеци(“од библијата 6 дена работи еден одмарај” на годишно ниво му доаѓа 2 месеци од 12/(една година)

    -за работа во период од годишен одмор, 4x од редовна сатница

    -право на обука за заштита од повреди на работно место

    -право на обука за работно место

    -право на пауза од 5-10мин од саат(простор за дебата или решение у собрание)

    6.право на говор и писмо

    *официјален службен јазик Македонски

    -писмо: кирилица

    -за користење на рационално изразување и пишување (не подлежи на грешки, 100% точност на изразена мисла, при грешка со овој јазик се прави грев)

    *официјален службен јазик Англиски

    -за користење на ирационално(емоционално) изразување и пишување (подлежи на грешки, и не е грев ако се згреши)

    7. Право на грев

    *се простува гревот ако се исполнат условите на Мојсеј и Исус, или 2x исплата на оштета на оштетениот

    -не се простува убиство

    -(простор за дебата или решение во собрание)

    8.право на брак и семејство

    -Секој граѓанин на Македонија

    -родителите се должни да обезбедат 1*услови за одгледување дете/деца

    1* – право на дом(со најмалку две соби и купатило, исхрана, облека, игра и слободно изразување(не е грев каква и да е грешката направена од дете освен убиство)

    -Хомосексуалните и останатите “ретардирани” бракови немат право на деца, на било кој начин!

    9.Право на укажување медицинска помош

    -Во случај да не постои начин да се реши медицинскиот проблем во државава, државата е должна да му го плати во целост лекувањето во странство

    -здраствените проблеми ќе се елиминираат со тек на време, кога ќе пукнат скандалите за мито и корупција, како и примената на дело на уставов

    но за сега универзално за сите државно лекување на пациенти со тоа што работникот/работодавачот е должен да плаќа придонеси на државата(дебата или решение во собрание за износот)

    10. Право на образование и градинка за деца до 13 год

    -Државата е должна да обезбеди образовни установи и градинки во населени места/општини од 1000-5000(простор за дебата или решение во собрание)

    -државата е должна да обезбеди барем 3 различни рекреативни центри за населени места/општини од 1000-5000(простор за дебата или решение во собрание)

    11. Дефиниција на грев

    -секое дело (пишано/(кажено на глас)/(прекршување на уставните закони(1-10) +(дебата или решение во собрание)

    12. закон за полиција и војска(во иднина ќе се елиминира потребата од овој закон но за сега:

    -закон за морално однесување и заштита на уставот на Македонија, и нејзините граѓани и интереси(дебата за морално однесување и работно време или решение во собрание)

    13. Должност на граѓанинот

    -да ги почитува уставните права на сограѓанинот и децата (од 1-10)

    -да плаќа данок од 10%-20% од приходот при работа(дебата или решение во собрание)

    -граѓанинот е должен да ја штити/почитува и одржува чиста, природната средина(шуми, полјани,планини,езера, реки, итн)

    -граѓанин на Македонија е секој човек со Македонско државјанство и со полни 18 години.

    -право на пензија(ова ќе се елиминира со тек на време, но за сега: со полни 60-65 години(простор за дебата или решение во собрание

    14.закон за производство или услугIа/ги

    -производителот треба на опаковката да ги напише сите состојки од што е направен производот, а ако произведува прехранбени производи и хранливите материи(витамини, шекери итн)

    -производителот не смее, знаејки/незнаејки и намерно/ненамерно, не смее да произведува продукти штетни за (човеIк/ци)/(животнIо/и или природата, инаку прави грев

    -давателот на услуги не смее, знаејки/незнаејки и намерно/ненамерно да направи штета на (човеIк/ци)/(животнIо/и или природата, инаку прави грев

    15, (инспирација од Бутан) Закон за среќа

    -државата е должна да обезбеди минимално ниво на среќа кај граѓаните(простор за дебата или решение во собрание)

    -месечно анкетирање на граѓаните

    -при пад на среќа кај граѓаните под минималното ниво, следат избори и промена на власт.

    ви благодарам за вниманието и отворен сум за дебата или дополнение на уставов

  • Manji
    Posted 26 октомври 2019

    Предлог закон за политички партии и пратеници, како и изборен модел за гласење на истите
    -Секоја националност да има само една партија
    *пример: Македонска народна партија, Албанска народна партија, Ромска народна партија итн.
    со овој модел ќе се бираат луѓе, а не партии
    -Изборите да траат една недела
    -Гласањето да се врши во електронска платформа
    *на пример:како “лајк” на социјалната платформа Facebook.
    -Секој граѓанин на Македонија со полни 18 години има право на глас
    -Секој граѓанин има право да ѓи даде своите гласови на секој еден кандидат, по негова волја и убеденост, само еднаш.
    *На пример: Може да гласа за повеќе кандидати, но само по еден глас.
    -На крај од секој изборен ден, се даваат резултатите и се објавуваат потенцијалните кандидатие за влез во Собрание.
    -Кандидатите со најмалку освоени гласови, од една партија, да одат на дебата во јавен медиум(МРТ), со кандидатот кои има минимум освоени гласови за влез во собрание.
    -Граѓаните имат право да си го повлечат дадениот глас во текот на изборната недела.
    -Секоја партија, има минимум еден кандидат директно пласиран во собрание.
    *ова значи дека, ако една партија има само еден кандидат, директно се пласира во собрание.
    *а ако има повеќе кандидати, а ја немаат потребната минимална квота од гласови, се пласира тој со најмногу гласови.
    -Минималната квота од гласови за пласман во собрание, се пресметува, така што се собираат сите гласови и се делат со вкупниот број на пратеници(60 пратеници на пример минус вкупниот број на партии)
    *Со десет партии, минималната квота од гласови за пласман се пресметува вака: Вкупниот број на гласови(минус оние од директно/прво пласираните), поделено со 50 пратенички места.
    *Во случај кандидатите да ја немаат минималната квота за влез во собрание, а има слободни пратенички места, се пласираат тие со најмногу гласови.

  • Manji
    Posted 26 октомври 2019

    Штета што не можат да се едитираат коментариве :/
    Би сакал да ги изменам правата на пратениците.
    -Имаат право да изгласуваат закони и ништо друго.
    Владините функционери, уставни судии, Председател на држава, да се бират по принцип од горенаведениот. И да РАБОТАТ, се додека месечните анкети од “Министерството за среќа” не утврди незадоволство од народот од работењето на истите, и да не се преќинува мандатот на работење на владините функционери и уставните судии по никој друг основ, освен докажен сомнеж за противуставно, криминално, корумпирано работење и во тој случај председателот на државата го преќинува мандатот на работа на осомничениот и распишува избори за наведената позиција.
    Министерството за среќа јавно и транспарентно и месечно ѓи објавува анќетите за избраните функционери, судии и председателот на државата.
    Во случај на 51% изразено незадоволство од анќетираните, за определен функционер, судија или председател, функционерот/судијата/председателот е должен јавно и транспарентно во национален медиум да го изложи неговото работење, и во јавен медиум во кое граѓаните ќе имат право јавно да поставуваат прашања, ќе биде должен да одговори. И ако во три последователни месеци незадоволството од неговото работење е 51% или повеќе, министерството за среќа распишува избори за дадената функција.

  • Manji
    Posted 26 октомври 2019

    Од горе-наведените принципи за избори, се креираат два основни столба: Председател на држава и Министер за среќа, кои ќе ја имат моќта да се разрешуваат еден со друг, а ќе бидат бирани од народот на Македонија. И со тоа ќе се зачува принципот создаден од Abraham Lincoln: That this nation, under God, shall have a new birth of freedom – and that government of the people, by the people, for the people, shall not perish from the Earth.”

Comments are closed.