РОДИНА МАКЕДОНИЈА: ДЕН НА СВЕТИТЕЛИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ДА ПРОГОВОРИМЕ ЗА ГЛАГОЛИЦАТА, ДА ЗАЧУВАМЕ СЕ ШТО Е НАШЕ МАКЕДОНСКО ОД МАКЕДОНИЈА!

Ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј! - Радио Бубамара

ДЕН НА СВЕТИТЕЛИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Да проговориме за глаголицата.
Родина Македонија,
Да зачуваме се‘ што е наше Македонско од Македонија!

А – Јас (Бог)
З – знам (гледам)
Аз – Буки – Веди – Глаголи
Ова се четирите букви од глаголицата и од кирилицата,
Во која е кодирана тајната дека Бог е логос,
Односно, дека Бог е збор (идеја, информација, самосвесна мисла).

Глаголица или кирилица…света азбука, свето слово, мудрост, езотерија, вибрации, поука, сведоштво, светителство, просветление, инициација!
Глаголицата е божевтсвена азбука, света азбука, која пренесува древни и мистични посланија.

Секоја буква означува божји печат, кои преку вибрации ги пренесуват божјите посланија.
ЗАРЕМ ОВА СПОЗНАНИЕ , БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ, СЛУЧАЈНО ПРОИЗЛЕГЛО ОД ОВА СВЕТО ТЛО, ОД СВЕТАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКА И НЕЈЗИНИТЕ СИНОВИ,

СВЕТИТЕЛИТЕ РАМНОАПОСТОЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ!!!

МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА – Ѓорги Поп-Атанасов

МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА - Ѓорги Поп-Атанасов

Македонската глаголица, книга и научен труд-монографија посветена на македонската глаголица и глаголските ракописи од X до XII век. Напишана е од македонскиот академик – историчар на книжевност, археограф и теолог Ѓорѓи Поп-Атанасов како плод на долгогодишните истражувања на бројни глаголски ракописи и текстови од Македонија. Објавена е во издание на МАНУ во 2015 година.

Глаголицата е свесно создадена со цел да ги означи графички посебните словенски гласови (ги има 14 диференцијални словенски гласови и графеми). Глаголицата е автохтон буквен знаковен систем кој содржи идеограми и пиктограми кои ја правеле податлива за сакралната комуникација и семиотика, за христијанската религија и теозофија, како и за мистичната мисла и метафизичкиот ум устремен кон нечујните и едвај чујните (неми) сфери. Устројството (семиозис) на глаголицата е синтеза од грами/графеми/идеограми, слова/букви, иконични знаци, нумерички буквеноцифрени величини, астролошки, теозофски, мистични симболи со извонредни естетски и етички одлики.

Магијското писмо на Пелазгите – Глаголицата – С в а р о́ г ъ

 

 

1- Прва буква во глаголичката азбука. Се именува Аз (јас – лична заменка за прво лице еднина). Во старословенските текстови со неа се означуваат гласот а и бројот 1.

2- Вората буква во нашите стари писмени споменици, најчесто, се означува со името Буки и поретко со името Букви – две варијанти на ист збор со значење буква, писмо. Освен гласот б, со овој знак во старословенските текстови се означува и бројот 2.

3- Трета буква од составот на глаголицата. Се именува веди (вјадја – знам). Со неа освен гласот в, се означува и бројот 3.

4- Четврта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Глаголи односно Глагол (збор, слово). Освен гласот г, со неа се означува и бројот 4.

5- Петта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Добро (добро – прилог и среден род од придавката добар). Освен гласот д, со овој буквен знак во старословенските текстови се означува и бројот 5.

6- Шеста буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Ест (е – 3 лице еднина, сегашно време од глаголот сум). Освен гласот е, со неа се означува и бројот 6.

7- Седма по ред буква во глаголицата. Се именува Живете (живејте – заповеден начин, второ лице множина, од глаголот живее). Со неа, освен специфичниот македонски глас ж, кој не постои во византискогрчкиот јазик, се означува и бројот 7.

8- Осма по ред буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Ѕело (многу). Освен специфичниот македонски глас ѕ, со неа се означува и бројот 8.

9- Деветта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Землја (земја). Освен гласот з, со неа се означува и бројот 9.

10- Еден од глаголичките буквени знаци за означување на гласот и. Се именува Иже (кој што – односна заменка) и има бројна вредност 10 (и во двете старословенски азбуки ‒ глаголицата и кирилицата), поради што се нарекува десетерично и; за разлика од другото и (и), со кое што во кирилицата се означува бројот 8 и се нарекува осморично и.

11- Втор глаголички буквен знак за означување на гласот и. Се наоѓа на единаесетто место во глаголичката азбука. Се именува Иже или едноставно само и. Има бројно значење 20, за разлика од кирилицата, во која што со буквата и се означува бројот 8, поради што таа се нарекува осморично и.

12- Дванаесетта буква од составот на глаголичката азбука. Со неа се означува специфичен глас од фонолошкиот систем на јужномакедонските дијалектни говори од времето на светите браќа Кирил и Методиј (послабо или појако палатализирано г). Се именува Ѓерв (збор со нејасна етимологија) и има бројна вредност 30.

13- Тринаесетта буква во глаголичката азбука. Се именува Како (како). Покрај гласот к, со неа се означува и бројот 40.

14- Четиринаесетта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Људие (луѓе) и има бројна вредност 50.

15- Петнаесетта буква во глаголичката азбука. Се именува Мислите (мислите – глагол во сегашно време, 2 лице множина). Освен гласот м, со неа се означува и бројот 60

16- Шеснаесетта буква во глаголичката азбука. Се именува Наш (наш). Освен гласот н, со неа се означува и бројот 70.

17- Седумнаесетта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Он (тој, оној – показна заменка). Освен самогласката о, со неа се означува и бројот 80.

18- Осумнаесетта буква во глаголичката азбука. Се именува Покои (покој, спокој, спокојство, мир). Покрај гласот п, со неа се означува и бројот 90.

19- Деветнаесетта буква во глаголичката азбука. Се именува р’ци (речи, кажи – заповеден начин од старословенскиот глагол решти). Освен гласот р, со неа се означува и бројот 100.

20- Дваесетта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Слово (збор, слово). Освен гласот с, со неа се означува и бројот 200.

21- Дваесет и прва буква во глаголичката азбука. Се именува Тврдо (тврдо, цврсто – прилог и придавка од среден род). Покрај гласот т, со неа се означува и бројот 300.

22- Дваесет и втора буква во глаголичката азбука. Позната е под името Ук (збор со нејасна етимологија). Нејзината бројна вредност не е засведочена во македонските глаголички текстови, додека во хрватската глаголица, па и во кириличните ракописи со неа се означува бројот 400, што упатува на претпоставка дека и во македонската глаголица буквата имала исто бројно значење.

23- Дваесет и трета буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Фрт (збор со нејасна етимологија). Се претпоставува дека освен гласот ф, со неа се означувал и бројот 500, иако во македонските глаголички споменици нејзиното бројно значење не е документирано. Гласот ф не постоел во јужномакедонските говори во времето на светите Кирил и Методиј, поради што го немало ниту во старословенскиот јазик, заснован врз нив. Затоа овој глаголички буквен знак се среќава исклучително ретко во глаголичките текстови и тоа само во зборови од туѓо потекло.

24- Дваесет и четврта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Тита и е преземена директно од византиското писмо. Се претпоставува дека не била дел од првобитната Кирилова глаголица и дека во македонските глаголички ракописи се појавува подоцна, најверојатно, по средината на X в. Се употребува во туѓи имиња, обично, на местото на византиско-грчката тита и тоа сосем ретко.

25- Дваесет и петта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Хјар (хер) збор со нејасно значење. Во глаголичките писмени споменици не е регистрирана со бројна вредност, но се претпоставува дека нејзиното бројно значење било 600, каква што е бројната вредност и на соодветната кирилична буква.

26- Дваесет и шеста буква во глаголичката азбука. Се именува От (од – предлог). Иако во глаголичките ракописи не е регистрирана со бројна вредност, се претпоставува дека со неа се означува бројот 700.

27- Дваесет и седма буква во глаголичката азбука. Се именува Шта. Се изговара шт, при што не е исклучено, во некои случаи, да се изговарала и шч. Се претпоставува дека во македонската глаголица имала бројна вредност 800, бројна вредност каква што има овој глаголички буквен знак во хрватското глаголичко писмо.

28- Дваесет и осма буква во глаголичката азбука. Се нарекува Ци. Се смета дека, покрај гласот ц, со неа се означувал и бројот 900, иако ваквата бројна вредност во македонските глаголички ракописи не е документирана. Такво бројно значење овој буквен знак има во хрватската глаголица и во старото кирилично писмо.

29- Дваесет и деветта буква во глаголичката азбука. Се нарекува Чрв (црв). Во македонските глаголички ракописи не е документирана со бројна вредност, додека во хрватската глаголица има бројно значење 1000.

30- Триесетта буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Ша. Во македонските глаголички ракописи не е регистрирана со бројна вредност, додека во хрватската глаголица со неа се означува бројот 2000. Буквениот знак е позајмен од староеврејската азбука, каде што оваа буква има ист нацрт и се нарекува Шин

31- Триесет и прва буква во глаголичката азбука. Се именува Ер (jeр7) односно Голем ер. Во македонската глаголица, како и во старословенската кирилична азбука, нема бројна вредност, додека во хрватската глаголица со еровите, за коишто се употребува еден буквен знак, се означува бројот 3000.

32- Триесет и втора буква во глаголичката азбука. Со неа се означува специфичен старословенски глас, сличен по изговорот на денешното руско ери. Како буквен знак претставува диграф, односно е составена од два буквени знака. Најчесто, тоа се знакот за голем ер (7) и некоја од глаголичките букви, со кои што се бележи гласот и.

33- Триесет и трета буква од составот на глаголичката азбука. Се именува Ер (jer6), односно Мал ер. Како и Големиот ер, така и овој буквен знак нема бројно значење во старословенските азбуки, додека во хрватската глаголица го има бројното значење 3000.

34- Една од последните букви во глаголичката азбука. Во редоследот на буквите во глаголицата, обично, доаѓа по еровите. Се именува Јат, а се изговара ја. Нема бројно значење.

35- Глаголичка буква која во редоследот на глаголичката азбука се наоѓа помеѓу јат и јусовите буквени знаци. Има изговор ју и се претпоставува дека го носела името Јуже (веќе). Во македонската глаголица нема бројно значење, додека во хрватската глаголица со неа се означува бројот 5000.

36- Глаголички знак од групата специфични буквени знаци, со кои што се бележат посебни самогласки со назален призвук, наречени носовки (назали). Овие буквени знаци се познати под името јусови. Со овој буквен знак, обично, се означува т.н. мала нејотирана носовка, којашто се изговара ен.

37- Буквен знак за втората глаголичка буква од групата на јусовите знаци. Се изговара он и, обично, се нарекува Голем нејотуван јус. Со него се бележи големата нејотувана носовка.

38- Трета глаголичка буква од групата на јусовите буквени знаци. Позната е под имињата јотиран мал јус односно јотирана мала носовка; се изговара јен.

39- Четврти глаголички буквен знак од групата на јусовите знаци. Обично, се нарекува Голем јотиран јус или Голема јотирана носовка; се изговара јон .

40- Последна буква во глаголичката азбука. Се нарекува Ижица. Се употребува ретко и тоа, скоро секогаш, во туѓи зборови на местото на византиско-грчкиот ипсилон. Изговорот ѝ зависи од нејзиното место во зборот: ако се наоѓа меѓу согласки, се изговара и или у, а ако доаѓа по а или е, во духот на византиско-грчката традиција, се изговара в.
Погоре накратко, да се запознавме со буквените знаци на глаголицата, која најдолг период се користела и негувала во Охридската книжевна школа.

ПРОЛОГ

„Непосредно пред заминувањето во Моравската мисија Кирил ја составил славјанската азбука, глаголицата. Оваа азбука се состоела, според Црноризец Храбар, од 38 букви. Нејзината оргиналност, современото познавање на словенскиот гласовен систем, пронаоѓањето соодветен знак (буква) за секој глас, откриваат извонреден филолог и лингвист во авторот Константин филозов. Во овој чин изворите ја истакнуваат значајната улога и дејност на Методиј, кој на дело покажал извонреден талент и интерес во совладувањето на други јазици и граматика“- вака пишува современата наука за делото на браќата Кирил и Методиј.

Истакнуваќи дека „не на туѓа основа своето дело го положи, туку наново писмо пронајде“, научниците ја истакнуваат посебната индивидуалност на глаголицата, која се разликува од сите други создадени азбуки. Меѓутоа, многу одамна постојат тврдења дека Славјаните имале азбука и писмо уште пред Кирил и Методиј, а за тоа се изнесуваат факти кои покажуваат дека глаголицата потекнува од 4 век. Во врска со ова тврдење, во минатата деценија, македонската јавност ја размрда авторот на книгата ‘‘Заборавениот Кадмо‘‘ од Милош Линдро.
Постојат окулу 40 научно образложени теории или дополненија на предходните теории за постанокот на глаголицата. Начелно тоа се ендогени и езогени теории. Така што егзогените теории покажуваат дека глаголицата постанала од некое друго писмо, кое веќе постоело, а ендогените теории укажуваат дека глаголицата е продукт на нова независна креација.

Здравата логична размисла, соодветствува дека невозможно е да на едно овакво исклучително богато историско тло со цивилизација неколку милениуми и историја која татни под нејзиното тло, едноставно неприфатливо е дека тука немало словенско писмо (неприфатлива теза е писмото со рески и црти). Заговорничката проблематика е продукт на официјалната историја и преселбата на словените, која научно не е поткрепена.

Всушност, сето ова треба да биде потик за да се обнови научната расправа за глаголското писмо и воопшто за писменоста на Македонците во далечното минато. Од исклучително значење за македонскиот идентитет и за улогата на македонската култура во развојот на европската цивилизација е истражување на еден подолг периодот пред кодификацијата на кирилското писмо во 10 век.
Во секој случај значењето на Светите Кирил и Методиј е неприкосновено, возвишено и свето за словенските народи во целост, кои добија писменост и писмо, преку кое ќе се просветлуваат во христијански дух, токму од СЛОВОТО МАКЕДОНСКО, ОД СВЕТАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКА И НЕЈЗИНИТЕ СИНОВИ,

СВЕТИТЕЛИТЕ РАМНОАПОСТОЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ!!!