Родина Македонија: Проглас по повод т.н попис //////////

You are currently viewing Родина Македонија: Проглас по повод т.н попис //////////

Проглас по повод т.н попис
//////////

Почитувани Македонци по род, државјанство и самоопределба, како што предвидовме пролетта, токму така се случи.
Тотален дебакл и комплетна неуспешност на импровизориумот наречен ” Попис во вашата земја 2021″
.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА уште со самите најави за спроведувањето на политичко-иридентистичка операција, наместо реален попис будно ги следи состојбите и навремено ја предупреди нацијата ДА НЕ УЧЕСТВУВА во фалсификатот, етноцидот и релативизирањето на цела една нација-Македонската.

Цел и задача на таканаречениот попис беа :

1)прикажување и издигање на едно малцинство или народност на ниво на втора нација, за сметка на Македонската, а со тоа директно удирање на темелите на Р.Македонија како унитарна држава. И обид да се прикаже како федерат или конфедерација во која управуваат две нации.

2) Понижување и сведување на македонскиот народ на ниво на “заедница” во сопствената земја и релативизирање на неговата примордијална улога во создавањето на македонската држава.

3)Очаен обид да се попишат и легализираат резиденти, од Косово, Швајцарија и др земји со регулиран или нерегулиран престој во Р.Македонија, се со цел промовирање на “Албанската нација” во процент од 25-30%. Родина и здружението НЕ ОТВОРАМ ВРАТА имаат сигурни и проверени податоци дека бројот на овие луѓе( Албанци по потекло) не надминува 17% , но и голем дел од нив немаат регулиран престој во државата.

Поради сево ова се приклучивме кон сенародната иницијатива НЕ ОТВОРАМ ВРАТА и повикавме на неучество во фалсификатот и криминалите !
Резултат на сево ова беше околу 400.000 граѓани активно да одбијат да се попишат, а околу 150.000-200.000 да бидат попишани во отсуство само со матичен број или со изјава на малолетник за идентитетот на неговите родители.
Токму затоа, но и поради долгата низа на неправилности и прекршувања на изборниот процес РОДИНА МАКЕДОНИЈА нема да ги признае резултатите и т.н попис во целост.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА оваа операција ја смета за политичка, криминална и НИШТОВНА!
11. 10. 2021
Да ни е за многу години 11ти Октомври!

Македонија на Македонците

Напишете коментар