РОДИНА МАКЕДОНИЈА: ШТО ОСТАНА ОД МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА: ШТО ОСТАНА ОД МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

ШТО ОСТАНА ОД МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Родина Македонија не подржува и се згрозува од организирање на таканаречената ‘Спектакуларна прослава‘ на 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор (ОРД), во организација на партијата ДУИ, ни повеќе ни помалку на чело со злокобниот церемонијал мајстор, преведувачот од Жолтата Куќа, хорор место на касапење живи луѓе за вадење на човечки органи!

Кој има потреба од јубилејна прослава на оваков ПИР!?
Кој не добил повеќе и од тоа што посакал или му било наложено!?
Остана ли уште нешто, од искасапеното тело на Македонија за докасапење!?

Родина Македонија во својата програма има за цел, целосно поништување на (ОРД), и враќање на состојбите на Уставот на база на АСНОМ-ските вредности.

‘‘Господи! Води ме со Својата правда, заради моите непријатели, израмни го својот пат пред мене. Зошто, нема искреност во нивните усти, срцето им е полно со нечесност, нивното грло е отворен гроб, а со јазикот ласкаат‘‘! ( Псалми, 5,8,9)

МАКЕДОНИЈА НА ЖТРВЕНИКОТ ЗА ВЕЧНО ПОТКУСУРУВАЊЕ ВО ИМЕ НА (НЕ) МИРОТ НА БАЛКАНОТ И ПОШИРОКО
108 години од Букурешкиот договор, 10 август 1913година
20 години од Охридскиот рамковен договор 13 (10) август 2001година

*НЕ СЛУЧАЈНО овакви црни настани, инсценирани во темните кулоари на заговорниците на најдолниот човечки род, тенденциозно се случиваат на ист датум. Симболиката на повторувањето на овакви грозоморни расчеречувања и бришења на еден народ, дефинирани на ист датум, дури и 100-тина години покасно, е со единствена цел, врежување на не афирмативното во колективната меморија со цел на дезорганизираност, пониженост, анксиозност, резингираност. По некоја не предвидена предходно не превземена активност вториот настан, официјално ‘касни‘ 3 дена, поради тобожното спротивставување на дел од потписниците и покажување на наводното нивно силно патриотско чувство. Но истите, под притисок на тешки дипломати, поради нивните не примерни криминални дејанија, си потпишаа ‘како попчиња‘, секако на штета на сувереноста на Македонскиот народ и Македонската држава.

*ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР (ОРД), е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и државните одбрамбени македонски вооружени сили во тн Конфликт од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметаат договорот за насилно изнуден и неприфатлив. Посебно што воениот конфликт се случува после косовската војна во која Македонија широко ги отвори вратите за косовските бегалци (360.000), а реално можеше да прими максимум 20.000. Бегалците кои преставува 15% од вкупното население и цела таа изрежирана хаварија со цел дестабилизација на државата, ја стави државата во незавидна загрозувачка состојба, како безбедносна, така загрижувачки финансиска, со намалување на македонската економија од 10%.

Тука добро е да се нагласи дека ЕУ и Европа малцинските права ги решаваат во рамките на остварување на граѓанските права. Придржувајќи се на Европската конвенција за заштита на човекови права и основните слободи од 1953година и Европскат повелба за регионалните и малцински јазици од 1992година. Накратко правата на малцинствата се регулираат во рамките на права кои им припаѓаат на малцинства како индивидуални права, но не и како малцински права во целина.

Ако направиме паралела помеѓу тоа на што се предвидува според меѓународните релевантни акти и Уставот на Р Македонија од 1991година, каде што се набројани сите етнички малцинства поименично и правата кои ги уживаат, нескромно можеме да се пофалиме со вонредно авангарден Устав, за жал непотребно толку широкоград! Од право на самоопределување, употреба на јазик, слободна употреба на националност, недискриминација, слобода во уверувањето, совест, мисла, јавно изразување, информирање, приватни образовни институции, заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет, локална самоуправа.
Со сигурност може да се потврди дека малцинствата беа нашироко застапени во сите државни органи, со право на образование на мајчин јазик во основно и средно образование, културно образовни институции, театри, друштва. Со еден збор албанското етничко малцинство имаше се‘, освен војна со цел освојување територија, која покасно се претвори во полигон на закани и уцени за реализација на нивно уставно изедначување на ниво на уставотворен народ!

И денес експертите и граѓаните се се‘ уште поделени околу тоа дали Охридскиот договор е извор на стабилност или напротив, извор на не стабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита само на правата на припадниците на албанската етничка заедница.

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001. Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Со континуиран мониторинг на меѓународната заедница со инсистирање на пропорционален напад и одбрана од страна на македонските одбрамбени сили!? Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна. Според некои информации во преговорите индиректно, телефонски, бил консултиран и Али Ахмети, иако тој формално не бил учесник на преговорите.
Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти.
После парафирањето од 10 август и завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август 2001г во Скопје, договорот е потпишан од-
• Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
• Имер Имери, претседател на ПДП
• Борис Трајковски, претседател на Република Македонија
• Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ и
• Арбен Џафери, претседател на ДПА.
Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници: Франсоа Леотар, претставник на ЕУ и Џејмс Пердју, претставник на САД.
Рамковниот договор целосно и без условно ја отфрла употребата на насилство за остварување на политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја гарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Во тој контекст, Договорот предвидува целосен прекин на непријателствата, разоружување на етничките албански вооружени групи и нивно целосно распуштање.
Охридскиот договор потенцира дека развојот на локалната самоуправа е од најголемо значење за почитување на идентитетот на заедниците. Со Рамковниот договор се предвидува да се ревидира Законот за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа.
Договорот предвидува целосно почитување на принципот на не дискриминација и рамноправен правичен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија. Во Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избираат од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број на пратеници, припадници на заедниците. Истата постапка важи и за изборот на Народниот правобранител и на тројцата членови на Судскиот совет.
Новина е што на централно ниво, уставните амандмани и законите за локална самоуправа нема да можат да се усвојат без квалификувано двотретинско мнозинство, но и без тн бадентерово мнозинство. Истиот принцип важи и за донесување на закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и законите за локално финансирање, локални избори Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен.
Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство.(?)
За успешно спроведување на Договорот, подоцна е формиран Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор (2004), кој е дел од Владата на Република, а започнал да функционира од јануари 2008 година. Секретаријатот, агенција, има задача да го спроведе целосно договорот и да обезбеди административна и стручна подршка на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на рамковниот договор. Во реалност постана центар за вработување на непримерно огромен број на лица од албанската етничка заедница, но и на бројни сомнителни ликови и по образование, морал, место на живеење со месечна плата од 500еври, без одење на работа!
Покасно агенцијата прерасна во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое го предводи Артан Груби, преведувачот од Жолтата куќа доби нова софистицирана рскошна Жолта барокна куќа во која го продолжи разградувањето на Македонија!

Во контекст на ОРД донесени се окулу 140 закони, помеѓу кои и закони за Употреба на јазиците (албански јазик ) во три наврати, август 2008, јули 2011 со финализирање на последниот контроверзен закон (дел од тн Тиранска платформа) од јануари 2018 со повторна кратка расправа и постапка од јануари 2019 со што албанскиот јазик стана изедначен со македонскиот јазик во сите сфери на употреба. Воедно беше злоупотребена употребата на тн европско знаменце за состојба која не соодветствува за овакви законски постапки, без никаква препорака од венецијанската комисија и ЕУ. Во октомври 2012г, Уставниот Суд, уставните судии се едногласни во одлуката да не се оценува уставноста на Законот за амнестија (2002) на ‘борците‘ на ОНА. Уставниот суд во два наврати ги отфрли двете иницијативи што се однесуваа на истиот закон. Двете иницијативи ги поднесоа семејствата на киднапираните Македонци од тетовскиот крај. Судиите исто така ја отфрлија и втората иницијатива што се однесуваше на амнестијата на Хашките предмети. Така, како награда на сторените не дела многу од учесниците во воениот конфликт од 2001г добија значајни работни места и високи функции во државните служби, администрација, јавни претпријатија, министерства. Бројките укажуваат за крајно не принципелни вработувања , стручно не професионално не адекватно, процентуална прекумерна бројност на сметка на македонското население, децениско примање плата од администрацијата за не постоечки работни места на голем број од албанското население.

БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР од 10 август 1913 година бил договор потпишан помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на Балканските земји. Веднаш потоа започнало асимилирање на Македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало, иако војната главно се водела на територија во Македонија. Најголем број од војската бил мобилизиран токму од македонскиот народ, кој војувал и гинел меѓусебно во име на завојувачите! Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе, од кои огромен број се Mакедонци, никаде ни запишани , ни заведени , ни опеани…
Наведениве факти недвосмислено докажуваат дека балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на Македонија. Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето.
Букурешкиот мировен договор претставува единствен меѓународен договор што не го потпишале сите големи сили, затоа што бил во голема мера против нивните интереси. Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањата на македонскиот народ, чии претставници, од повеќе асоциации, особено од Русија и Швајцарија, интервенирале да се зачува идентитетот на македонскиот народ и единството и целината на македонската територија.

*ПРЕЗЕНТИРАЈЌИ ги накратко овие два комплота, нагласувајќи го симболичното значење на потпишувањето на ист датум, несомено се дел од континуираниот заговор против опстанокот на Македонскиот народ пред се‘, но и на Македонската држава де факто. Историската вистина изобилува со премногу факти кои го документираат заговорништвото. Ако со Букурешкиот договор се стави крај за постоење на Македонска држава, со Охридскиот договор се етаблира стартот кон финиширањето на убивањето на Македонската држава, која некако им се промакна, намерно или случајно, а суверено потврдена на референдумот од 8 септември 1991година. Ако во 1913 година Македонија дефинитивно се подели помеѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Во 2001г Македонија ја изгуби унитарноста на државата и стана полигон за исполнување на големоалбанските аспирации, сепаратизмот, шовинизмот. Македонија стана жртва на не скромните апетити на албанските партиски лидери и радикали, кои со сите сили во вистинска смисла на зборот, дејствуваа, војуваа и понатаму работат на тоа да создадат втора односно трета албанска држава, со ‘оправданието‘ дека македонците се окупатори на нивна територија! (И после 20 години племенскиот вожд, сега веќе условно ‘зелен‘ повикува на обединување за доостварување на сонот (американски),
‘‘Како што се обединивме во 2001г, така да се обединиме и сега, затоа што тие (македонците) секогаш дигаат БЕЛО ЗНАМЕ, кога сме обединети за остварување на нашите барања во оваа земја‘‘.)

*И ќе завршам со една реченица на почитуваниот пријател на Македонија Ханс-Лотар Штефан-
‘‘Окупатори!? Македониците окупатори во сопствената земја!? Зарем никој нема храброст да ги запре Албанците и да им каже дека тие како натрапници во Македонија се вистински окупатори!?‘‘

Пишува Елизабета Чингарова Матевска