ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ (ВТОР КРУГ)

You are currently viewing ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ (ВТОР КРУГ)

Почитувани браќа и сестри Македонци по род, државјанство и самоопределба,
РОДИНА МАКЕДОНИЈА е уморна од гласање ЗА „помалото зло” веќе неколку локални и парламентарни избори наназад! Затоа решивме да гласаме против! Против помалото и поголемото зло. Имено, со оттргнување од помалото зло (Шилегов), како никогаш досега, се отвара можноста за пад на поголемото зло (Заев и Хунтата).
За жал ние не сме тие кои ќе го заменат злото. Само во тој случај можевме да тврдиме дека злото ќе биде заменето со добро. Во сите други случаи времето ќе покаже…

РОДИНА МАКЕДОНИЈА 31 октомври, го гледа како ден – можност кога овој режим (хунта) треба да падне!

Но, менување на „злото“ со „добро“ ќе биде возможно само доколку тие кои сакаат да го заменат овој режим, а кои во круг се менуваат три децении, согледаат дека и тие се изворот и соучесник во оваа декаденција, недемократски процеси, антимакедонизам, предавства, распад, сиромаштија, раселување, неприроден ексклузивитет на патриотизмот и неприродно немање на алтернатива, дека само еден е изборот!

Нашите членови, поддржувачи и активисти се слободарски и совесни луѓе.
Ние како раководство укажуваме на важноста од паѓање на овој режим (хунта). Свесни за мудроста и зрелоста на нашиот народ, ве замолуваме ако одлучите да гласате, тоа да го сторите по свое лично уверување и да гласате според спецификите и потребите на секоја општина и микросредина.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА цврсто стои на основните постулати: „Македонија на Македонците” и „Слобода на избор” и жестоко ќе ги критикува и ќе се бори против сите оние кои ги загрозуват и во иднина би ги загрозиле истите.

Нека ни се живи и вековити Република Македонија, македонскиот народ и македонската нација!

#СмртНаФашизмотСлободаНаНародот!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!