You are currently viewing АПЕЛ ЗА МАСОВНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ИЗЈАВАТА ЗА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА МПЦ-ОА


#ОРГАНИЗАЦИЈАТАРОДИНАМАКЕДОНИЈА

Испраќа јавен АПЕЛ ЗА МАСОВНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ИЗЈАВАТА ЗА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА МПЦ – ОА

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ja споделува загриженоста на верниците за името, статусот и достоинството на МПЦ-ОА и во таа смисла ја поздравува петицијата со Изјава за Декларација за МПЦ-ОА, како поддршка на Светиот Aрхиерејски Синод на МПЦ-ОА.

Затоа јавно го повикуваме македонскиот народ масовно да ја потпише Декларацијата за МПЦ-ОА!

Очекуваме Декларациите бидат доставени до САС на МПЦ-ОА!

Ги повикуваме и охрабруваме САС на МПЦ-ОА да го послуша гласот на верниците, затоа што во Изјавата за Декларација за МПЦ-ОА сѐ е за доброто на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниот македонски народ!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА смета дека Црквата-наследничка на Охридската Климентова Архепископија и Јустинијана Прима нема потреба од дополнителни признавања на земните власти и самопрогласени авторитети. Но, и покрај сето ова, македонското црковно прашање е затворено со патријаршкиот и соборски Томос за автокефалност на МПЦ-ОА издаден од Српската православна црква – Пеќка патријаршија (СПЦ-ПП) на 5 јуни 2022 година затоа што со овој томос СПЦ-ПП за прв пат во својата историја Декларира дека МПЦ е наследничка на древната и славна Охридска архиепископија, го прифати името Македонска православна црква – Охридска архиепископија и титулата на нејзиниот поглавар – Архиепископ Охридски и Македонски.

И најважно од сѐ, прифати и потврди АВТОКЕФАЛНОСТ (самобитност) на МПЦ-ОА.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА со индигнација и презир го отфрла обидот на грчките фанариоти да го сменат името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во „Архиепископија на Охрид со јурисдикција во северна Македонија“ сѐ со една цел: Елиминација на канонското наследство на МПЦ-ОА врз Охридската архиепископија/патријаршија и Јустинијана Прима формирана уште во 535-та година и да ја смени титулата на „Архиепископ Охридски и Македонски“ во „Архиепископ на Охрид“, но и да ја забрани (да се самозабрани) јурисдикцијата на МПЦ-ОА врз македонските епархии и црковни општини надвор од границите на државата Македонија и да го добие Бигорскиот манастир за ставопигијален манастир под директна јурисдикција на Цариградската патријаршија и доколку може (пара канонски), епископот Партениј да го именува за егзарх на Цариградскиот патријарх во „северна Македонија“ заради постепена елиминација на Неговото блаженство г.г. Стефан од врвот на МПЦ-ОА.

Уште еднаш потенцираме: Српската православна црква – Пеќка патријаршија на 5 јуни 2022 година, Руската православна црква – Московска патријаршија на 25 август 2022 година и Полската православна црква на 25 октомври 2022 година безусловно го прифатија името Македонска православна црква – Охридска архиепископија и титулата на нејзиниот поглавар Архиепископ Охридски и Македонски, а Романската православна црква на 9 февруари 2023 година прифати фактичко сослужение со МПЦ-ОА според томосот на СПЦ-ПП оспорувајќи ја јурисдикцијата на Цариградската Патријаршија како единствено надлежна за доделување на автокефалност!

Во меѓувреме некои парацрковни структури во зародиш, предводени од бигорскиот игумен Партениј ги прифаќаат сите услови на Цариградската патријаршија, а Македонците ги сметаат за Бугари и неколу пати јавно потенцираа дека Македонци постојат од 1945 година. Следствено на тоа тие немаат никакво право врз Македонската црква!

За среќа и по Бојжата милост и промисла овие парацрковни структури немаат скоро никаква поткрепа од македонскиот народ и црквите во Македонија. Ја имаат поддршката на одредени поединци од квинслиншката власт во северна и поддршката на странски служби и западни центри на моќ. Но, како што знаеме, а и како што инсистираат сите власти во независна Македонија, Црквата е одвоена и независна од државата. Единствено е зависна од македонскиот верен народ и нашиот ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС. Слава Му.

Скенираните изјави може да ги праќате на е-маил (contact@rodina.org.mk) или да ги донесете во хартиена форма во седиштето на партијата РОДИНА Македонија на ул. 27 Март 10-1/2, Скопје во понеделник од 18-22 часот, среда и петок од 10-14 часот или четврток од 20-22 часот.

линк од изјавите