You are currently viewing ЦЕНЗУСОИДНИОТ НИ ПРЕЦЕДНИК, РЕКОЛ-ПОРЕКОЛ

Докажаниот дуализам, во контекст на негово колебање и континуирано менување на личните ставови, на цензусоидниот претЦедател на северЏГанија, се потврди и во темата, контроверзниот договор со „Бехтел и Енка“.

Со невидена брзина (за само 2 дена) го „растумачи“ фамозниот договор со „Бехтел и Енка“ за изградба на т.н. коридор 8 и делницата 10 д, без многу анализирање (а само пред некој ден рече дека дел од законите не ги прифаќа) и на пресот од 29 мај 2023 година рече дека ќе ги потпише указите за 5-те изгласани закони кои се услов за започнување на работа на автопатот.

Помпезно не извести дека ќе ги потпише указите за сите пет измени на законите или веќе ги потпишал, кој да го верува, односно, измени на Законот за работните односи, на Законот за експропријацијата, на Законот за урбанистичкото планирање, на Законот за градењето и на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите. Кои патем владата претходно одлучи предлог-законите да одат по скратена постапка со европско знаменце! Супер им е знаменцето!

Се поставува прашањето, кој е тука реперот и кој треба да се прилагоди на актуелната законска регулатива, дали изведувачот или инвеститорот. Се менуваат цели 5 закони по уцена од странска корпорација, мешање во законодавниот систем!

Нели во случајов претЦедателот е практичен, ако не тој, ќе потпише оној учката од собраниската фотелја, видено и сторено.

Можеме со сигурност да заклучиме дека претЦедателот, како „татко на нацијата“, или како што самиот се именува „врховниот командант“, која иронично-пародична изјава, не поседува никакви етичко дури ни морални капацитети, кога мислењата и одлуките ги менува во рок од еден до два дена.

Што е тоа, цврст став, одлучност, посветеност, принципиелност, почит кон својот народ, визија, капацитет на конструктивност, интегритет и бенефит за државата!

Да потсетиме на неговата крајно понижувачка изјава кога нас народот не нарече стока, но и безумната изјава дека ако не бил претЦедател ќе ја напуштел државава за поував побогат, поисполнет живот, затоа што тука е пекол!

Скандалозната изјава дека Гоце Делчев се изјаснувал дека е бугарин, што значи тој потврдува дека Гоце Делчев е бугарин! Понижувачкото не почитување на словенечкиот претседател Борут Пахор, кој отиде сам на чествување во вечниот дом на Гоце Делчев, а се со цел да им се повинува на бугарските аспирациски апетити и уценувања. А наспроти се‘ ова, тековнава година ние народот не можеме да пријдеме до Гоцевото почивалиште, поради бројнато обезбедување и лицемерието од пред се‘ од „чествувањето“ токму од претЦедателот!

ПретЦедателот нагласи дека со чист ум и конструктивност, без никакви притисоци ги потврдува и потпишува указите на законите за потребите на назначениот договор!

Зарем ние сме малоумни и не сме сведоци на силната агресија на американската амбасадорка, која настапува од страна на сила и непристоен притисок во спрега со учките. Учествува и е дел од организација на помпезни престави за почеток на работа а при тоа нема ни проект ниту некаква елаборација. Нејасно е како се дојде до фамозната сума од 1,3 милијарди за 100-тина километри автопат, со реална завршна пресметкаа на трошоци, камати итн се до фантастични 1,8 милијарди евра, чисто математички докажано!

Во „вашата земја“, но и во време на „нашата земја“, прво се потпишуваат, закони и договори а потоа се отвораат или воопшто не се отвораат дебати, трибини, расправи.

Немаше никаква претходна конструктивна дебата, информации, анализи за бенефит или последици од еминентни стручни лица, за една оволку голема инвестиција. Која државава ќе ја стави во должничко ропство, а бенефит од т.н. коридор 8, воопшто нема.

Тоа го анализиравме во Родина и јавно искажавме јасен став, против изведбата на коридорот 8. Коридор кој не води никаде, најмалку не поврзува со и наводно ќе не носи во Европа. Освен што ќе биде поклон трансферзала од македонскиот народ, за поврзување на Тирана-Приштина-Тетово, реализирање на долгогодишната желба за поврзувње на големоалбанската идеја и нивните црни сценарија, поддржани од западот.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина (https://t.me/rodina_makedonija)

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!
https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/