МУРТИНСКИОТ ТРГОВЕЦ

Родина Македонија е згрозена од „континуираното транспарентно тргување“ на Муртинецот, со се‘ што значи МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКО! Муртинскиот трговец се испазари со евроатлантистичкото-англосаксонистичко завереничко дувло, така да „И МЕСО И КРВ“ МАКЕДОНСКА ПРОДАДЕ ЗА БЕЗ ПАРИ! (Наспроти Венецијанскиот трговец, антилик од истоименото дело на Вилијам Шекспир, кој имал за право, во случај на невратен долг да земе фунта месо од телото на позајмувачот, без да протече ни една капка крв!) И така флоскулата „Нема алтернатива за Македонија освен евроатланскиот пат“, не донесе директно во пеколот! Ако патот на Данте до Пеколот го водел преку девет круга, не можеме и ние да се „пожалиме“, дека немавме кругови. Имавме и тоа бааги кругови на патот до Пеколот. Да се потсетиме на Првиот круг до Пеколот, т.н. Лисабонска декларација за забрана…

ПрочитајМУРТИНСКИОТ ТРГОВЕЦ

ЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!

Вчера Тетово беше најзагаден град во светот, по незнаме кој пат. Град со неполни сто илјади жители, неспоредливо помалку од милионските мегаполиси во светот, под падините на прекрасната Шар планина, го дише најзагадениот воздух. Каква апсурдна состојба, опасна по живот! Во слична состојба се и останатите градови во Република Македонија! Македонија, земја на сонцето, со 340 сончеви денови, со 2 милиони жители, уште ги сече шумите и се грее на дрва, во 21-от век. Безидејноста на политичките гарнитури, корупцијата, како и најголемиот дострел на владеењето на градночалниците, цртање на маркици и зголемување на катноста, ги претворија градовите во урбани депонии и хаос, платен со здравјето на луѓето. Лицемерието за некаква загриженост на кризни штабови, влада, позиција и опозиција е ефтин театар, за да продолжи грабежот на 650 милиони…

ПрочитајЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!

ЖОЛТАТА КУЌА ЛОЦИРАНА ВО ВЛАДАТА НА „СЕВЕРНА“!

Често слушаме, го допревме дното!  Со оваа однадвор инсталирана влада, гледаме дека дното може да се копа, да се оди многу длабоко под него и да се стигне до пеколот, кој се повеќе народ го чувствува.  А ДАЛИ НЕ СМЕ И ВО САМИОТ ПЕКОЛ кога  Артан Груби, кој ги води седниците на оваа таканаречена влада, првиот вице премиер, бил САМО преведувач во Жолтата куќа! Тој истиот Артан, миленик на амбасадорската булумента, уличарски насилник, тепач со камења на македонските млади, кој како чакал ги таманеше своите жртви на очиглед на полицијата! Тоа е таа куќа во која се вадеа органи на живо за богатите нарачатели. Куќа за која знаеа сите, а се правеа глуви и слепи, а зошто, останува на нивната совест. Во тој грозоморен бизнис беа вклучени и високи претставници на западната…

ПрочитајЖОЛТАТА КУЌА ЛОЦИРАНА ВО ВЛАДАТА НА „СЕВЕРНА“!

МАКЕДОНИЈА ВОЗДРЖАНА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ГЛОРИФИКАЦИЈА НА НАЦИЗМОТ!

На 18 ноември, во Њујорк, на состанокот на Третиот комитет на 75-та сесија на Генералното собрание на ООН, по иницијатива на Руската Федерација се гласаше по резолуција „Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики што придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и други форми на нетолеранција “. Како коавтори на оваа резолуција се јавуваат и 58 земји од сите региони на светот. Резолуцијата беше изгласана од апсолутното мнозинство 122 земји членки на ООН,две земји САД и Украина, беа против. Воздржани беа 53 земји, вклучително и Северна Македонија, заведена под буквата “N”. САД е отворено за глорифијација на фашизамот, дали треба да бидеме изненадени? Тука мораме да се запрашаме каков е тој став на неопределеност, воздржаност, таа неуталност кога станува збор за…

ПрочитајМАКЕДОНИЈА ВОЗДРЖАНА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ГЛОРИФИКАЦИЈА НА НАЦИЗМОТ!

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Претседателството на политичката партија Родина Македонија има задоволство да ги извести нејзините членови и симпатизери како и целата јавност дека на ден 19.11.2020 година, пристигна Решението од надлежниот суд во Скопје, за конечно озаконување на разрешувањето на Горан Шумкоски од местото претседавач на Преседателството на Партијата и за потврдување на изборот на Зоран Јованчев за нов претседавач на Претседателството на Родина Македонија. Во споменатото Решение се прогласуваат за ништовни и донесените одлуки на нелигитимно свиканиот и одржан Централен одбор на Партијата. Со донесувањето на ваквото Решение потврдена е исправноста на правната и праведната борба која ја водевме со цел зачувување на изворните идеолошки и програмски принципи врз кои е издигната Родина Македонија. Но, без оглед на задоволството кое е присутно заради исправноста од донесеното Решение, не може а…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

ОСТАВКА, ОСТАВКА, ОСТАВКА, „АЛЛ ИН“ !

Функционирањето на Владата на „Северна“, министерот Филипче, како и немање на Специјален кризен штаб за пандемијата од ковид 19 (има Комисија за заразни болести која само дава препораки до Комисијата во Владата, но нема никакви ингиренции понатаму) претставува опасност од највисок степен по здравјето на населението и националните интереси на Република Македонија. До јавноста пристигнуваат се повеќе информации за многу изгубени животи, но и животи на млади луѓе, по ходниците на девастираното здравство, уништувано од деценските рекетарски шаблони на здравствената мафија, партизација, непотизам. Од јавноста се сокриени многу успешни ефтини методи за лекување на Сарс-Ков-2. Очигледно, целта е да се пренасочи лекувањето во прескапите приватни клиники, каде за еден третман се бараат фантастични 13 000 евра. Не доследен прецизен протокол на матичните лекари како примарна здравствена заштита и чекање…

ПрочитајОСТАВКА, ОСТАВКА, ОСТАВКА, „АЛЛ ИН“ !

СТАРИОТ КОНСТРУКТ НА ЗАПАДНИТЕ ПРОПАГАНДНИ СИСТЕМИ ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ И НИВНИТЕ ДЕНЕШНИ ИСПОСТАВИ!

Со текст со наслов „МОДЕЛ НА РУСКО ВЛИЈАНИЕ ПРЕКУ ПРОКСИ-ИЗВОРИ И ИНСТИТУЦИИ, ПРЕД ИЛИ ЗА ВРЕМЕ НА КЛУЧНИТЕ МОМЕНТИ ВО ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАТА“ од 14 Ноември 2020 година, порталот F2N2 (Fighting Fake News Narratives) или во превод „борци против лажни вести“, беше спомната нашата политичка партија Родина Македонија, во крајно лажен контекст, односно класичен Fake News Narratives, веќе виден во светот со Навални, Скрипал случајот, Русијагејт, итн.  Конструктот на текстот е потпрен на една приватна посета на нашата земја од страна на претседателот на меѓународната организација „РУСОВ“, Андреј Родионов, кој е голем пријател на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. F2N2 „борците за лажните вести“, инаку финансирани од американска амбасада и брифирани од домашни и странски служби, токму таа посета ја користат за цел еден конструкт за руско влијание…

ПрочитајСТАРИОТ КОНСТРУКТ НА ЗАПАДНИТЕ ПРОПАГАНДНИ СИСТЕМИ ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ И НИВНИТЕ ДЕНЕШНИ ИСПОСТАВИ!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ГО ЧЕСТИТА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ, 13-ти НОЕМВРИ, ОД ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР, НА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

‘‘Знамето се вееше гордо и праќаше порака: СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО‘‘! Ова се зборовите на партизанката Пенка Кралевска, заменик комесар на 12-та бригада. ‘‘Се сеќавам, продолжува да раскажува таа, на најзначајниот момент во мојот живот, кога по долга борба низ скопските улици, татнежот на оружјето и стравот во душата, го поставив знамето на врвот од Офицерскиот дом. Јас, тогаш паметам, бев најгордата скопјанка, бидејќи ја имав честа да го развиорам знамето, во чест на слободата, во чест на моите другари кои ги дадоа своите животи за својот град, за својата татковина. Драга, мојата другарка, го даде својот живот и до последната минута им помагаше на ранетите. Таа како болничарка се обидуваше да помогне на ранет војник пред училиштето ‘‘Гоце Делчев‘‘, но тоа беше нејзината последна задача. Токму тука загина…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ГО ЧЕСТИТА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ, 13-ти НОЕМВРИ, ОД ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР, НА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

„АЈРОМЕНИТЕ“ НА „СЕВЕРНА“ И „АЈРОТО“ (ВОЗДУХОТ)!

„Ајрото“ на Заев и Шилегов во „Ајродром“, но и насекаде во Скопје и Република Македонија, станува се поотровно! Станува се поопасно живеењето во Република Македонија, поради се понеспособните Влади кои по системот на негативна селекција се бираат од надвор, односно се црпнуваат од земја. СДС за ДПНЕ ќе местеше семафор за криминалот од 500 милиони евра годишно, но и ДПНЕ го обвинуваше СДС за отприлика истата сума. Ако на ова ги додадеме и странските рекетари кои годишно извлекуваат од македонското општество исто толкави суми, ќе дојдеме до неверојатни за Македонија, една милијарди евра годишно, КРИМИНАЛ. Токму немањето на овие една милијарда евра годишно, но и немање на систем на вредности, стручност, знаење, ги елиминира сите посуштински инвестиции и проекти во Република Македонија во делот на екологијата, енергетиката, јавниот…

Прочитај„АЈРОМЕНИТЕ“ НА „СЕВЕРНА“ И „АЈРОТО“ (ВОЗДУХОТ)!

НЕУСТАВЕН СУД, ЗОШТО ГО ПЛАЌАМЕ !?

СУДОТ во чие време Уставот стана тоалетна хартија, одобрил зголемување на примањата за 35%! Постои ли пример каде работниците кои потфрлиле во нормата, добиле покачување на платата од 35%? Земјоделци, рудари, шофери, пекари? Родина Македонија го прашува овој УСПАН СУД, со што го заслуживте покачувањето? Заради промената на името на Република Македонија или заради двојазичноста? Двете претставуваат фраглантно кршење на Уставот на Република Македонија, дела кои до денес требаше да биде 35 пати санкционирани! Наместо УСТАВЕН, станавте ПАРТИСКИ суд на СДС, ДПНЕ, ДУИ и евроатланските ментори. СУДИИТЕ, вклучително и тие од т.н. Уставен суд, својата плата ја земаат од народната каса, односно Буџетот на Република Македонија. Од некоја минимална учтивост кон вас, би ве замолиле платата да ја барате од оние на кои им служите, а не од…

ПрочитајНЕУСТАВЕН СУД, ЗОШТО ГО ПЛАЌАМЕ !?