€БАМУ ИМЕТО ДА МУ €БА-ЕНЕРГЕТСКИ ВАМПИРИЗАМ!

  • Post category:Колумна
You are currently viewing €БАМУ ИМЕТО ДА МУ €БА-ЕНЕРГЕТСКИ ВАМПИРИЗАМ!

Колумна, Томче Ширков

Инаку насловот е изјава на таканаречениот премиер, Зоран Заев.

Пред 15 дена изгореа живи луѓе, кои се само мал дел од загинатите 6000. Загинати поради негрижа и пасивност на северна (читај хунтата).

Пред 10 дена се задолживме нови 320 милиони €…со кои новиот долг се приближува кон фамозни 8 милијарди без шајка да се закова. Паралелно почна уривање на галии и културни знаменитости во центарот на Скопје.

Пред 5 дена таканаречениот премиер потпиша легална окупација без испукан куршум, а со тоа прекрши две резолуции на Обединетите нации и ја намести жална Македонија меѓу два огна, без никаква потреба од тоа.

Пред 3 дена рече, дека не му паѓало на памет оставка или оставка за било кој од таканаречената Влада, зошто…за да дошол мицкоски? Капацитет на оксиморон.

Вчера изјави дека до крајот на годината сепак ќе се постигне договор со Бугарија…тоа што Бугарија го бара било само историја, а историјата можела различно да биде читана…читајте ” колај работа ќе ви ја дадеме историјата па и да станеме Бугари, тоа е само различно читање”….

И така , никому ништо!
Тие што сакаат да го сменат не можат и се најжестоко нападнати од тие што можат, а НЕ САКААТ!

*Курто$Мурто премолчен консензус за северна. А и после сево ова , не се борат против црпнатите, се борат против РОДИНА МАКЕДОНИЈА, зошто таа ќе одземела гласови на ДПМНЕ, божем тие гласовите им се наследство од дедо им, еднаш за секогаш, без разлика на сите грешки и гревови!

PS
Курто$Мурто се енергетски вампир за Македонија и Македонците, да ги спречиме да ни ја цицаат крвта додека сеуште можеме, додека сеуште имаме енергетски минимум!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

Пристапница