You are currently viewing ЗА СПАС НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

Можеби сте забележале, а сигурно и сте виделе!?
Секој втор текст, објава или рубрика во ‘‘Курто&Мурто‘‘ медиумите е на тема : “Младите се исселуваат“ (но веќе и постарите) и заради тоа се‘ поопасна станува “Белата чума“ во состојба на пандемија, супра- пандемија, студена, а Богами и Жешка војна…

Но, ова не е “тазе“ проблем. Во 2004 год кампањата на Гурјо беше “Главата Горе- да го спречиме исселувањето“. Потоа во 2015год Шарените (куртон) револуционери, редеа патики пред влада, како перформанс, за мотото “Да го срушиме груевизмот- да престане исселувањето“. Денес (во втората половина на 2022 год), сме повикувани, повторно и повторно на протест под мотото “Не е намалена невработеноста, народот се иссели“.
И така ДПМНЕ по 3-4 пат за овие 30 год, не повикува под истото мото, да делуваме за да дојде до смена на Мурто со Курто. А всушност се‘ да остане исто. Летаргично и Безизлезно…
Кога прашуваме, а зошто, која е поентата и потребата на таквата промена.
Тие велат: За да престане продажбата на националните интереси, идентитетот и се‘ македонско!!!
Тоа го велат од кога трпеливо, вредно и рамноправно учествуваа во тоталната распродажба! Од кога се‘ се распродаде, сега да сме ја спречеле распродажбата?!

Бидејќи скоро сите сме добри познавачи на состојбите во ДПМНЕ, ние во Родина Македонија, но и кај грото самосвесен македонски народ не поминува продажба на демагогија и малоумни небулози.
Пробуваат да ни фрлат прашина во очите со друга флоскула: “ Да спасиме тоа што преостана“. Барем економскиот дел! Затоа што голем дел од младите не ги интересира политиката, односно проблематиката со името, идентитетот, историјата…ги интересира економијата и безбедноста?!

Така ли ?
Добро!
Каква е таа безбедност, ако небото ти е чувано, (читај окупирано ) од грчка воена авијација, ако базите ти се окупирани од германски тајни служби, а на стратешките позиции како Криволак и Суволак имаш лансирни системи насочени кон Русија, а управувани од “Длабоката држава“??? Без секунда да размислиш на “ Повратниот удар“.

Како ќе ја подобриме економијата со економски модели од Германија и САД во состојба кога тие самите кризираат најмногу и најтешко од 1945 год наваму.
Безалтернативната политка #ЕУќеНеРаниНАТОќеНеБрани не доведе до ова дереџе…
Само крајно малоумен медиокритет и ограничен сателит може да верува, дека истите политики ќе не спасат!

Затоа нема многу избор…што би рекле Курто&Мурто: #ИзборотЕЕден. Тој е напуштање на самоубиствената политика #Ние сме ЕУ И НАТО, по цена од 112денари гориво и по цена од 24% декларирана инфлација (40% неофицијална но реална).

Заклучок : Спасот е напуштање на пропаднатите шаблони, ОРГАНИЗАЦИЈА И МАКОТРПНА РАБОТА од нас самите.
СИТЕ МАКЕДОНЦИ ЗА НАШАТА РОДИНА!

PS
Учествувајте во спасот на Македонија,
Спасувајќи ги другите спасете се себе си.
Пристапи на #ОРГАНИЗАЦИЈАТА.
Биди и ти дел од РОДИНА МАКЕДОНИЈА !

Бидете дел од Родина Македонија

Напишете коментар