ЈА ОСЛОБОДИВМЕ ЕВРОПА ОД НАЦИЗМОТ, НО ТИЕ НИКОГАШ НЕМА ДА НИ ПРОСТАТ ЗА ТОА
Пишува: Стефан Ацковски, член на Претседателството на Родина Македонија На 22 јуни 1941, точно во 04:00 часот наутро (како што и се пее во славната советска песна "22 июня, ровно в 4 часа"), од запад без претходно објавување на војна, германските нацистички сили ја преминаа границата на Советскиот сојуз, со што започна најкрвавата војна во историјата на рускиот, украинскиот, белорускиот, но и на сите народи од СССР. Војна која одзема 27 милиони советски животи. Започна Големата Татковинска војна! Отпорот кој го пружија народите на СССР стана еден од најлегендарните подвизи во историјата на човештвото. Подвизите кај Ленинград, Сталинград, Москва, се само дел од чудата кои ги правеа овие луѓе. Војната заврши катастрофално за нацистите. Берлин беше срамнет со земја, Германија покосена, а германскиот народ поделен. Уште во првите…
