You are currently viewing КОЛУМНА: “НА ПАТОТ КОН ПРОПАСТА”

Колумна: Томче Ширков – Претседавач на Родина Македонија

Ние, “Нашата земја” е на патот на Евро-Атланските интеграции точно 35 години…
За таа цел дадовме многу жртви!
Сменивме : знаме, устав, државно уредување, име, идентитет, историја… И претрпевме  десетина други национални понижувања.

И конечно кога станавме членка на НАТО; Тоа се распадна! Така барем вели Претседателот на САД.

А ЕУ,  што е со нашата врвна и приоритетна стратешка цел?!
Па ја занемаривме малку, или таа нас не занемари? Сеедно, “Нашата земја” сега лута, неодлучно се клацка помеѓу стратешко партнерство со Британија, која ја напушти ЕУ; Зошто таа била “Нефункционална пропадната бирократија” и стратешко партнерство со САД!
Хегемонот на светот!

Кога сме кај хегемонот на светот, што се случува таму, преку океанот?!

Се случуваат многу невидени нешта во историјата на човечкиот род! Конкретно од таму, од САД на светот му беа испратени пораки дека “Ќе биде уништена и избришана од лицето на земјата една цела цивилизација”?!
Истотака, ни беше објавено дека веќе не постои меѓународно право, не постои критериум за меѓународна одговорност, а претседателот Трамп може да прави што сака и да одлучува врз база на својот морал и лична етика?

Според мое скромно мислење вакво нешто не си дозволите ниту Хитлер, ниту Сталин.

Но што значи тоа во пракса?
Па тоа значи дека може да киднапирате претседател на суверена држава, да го држите во притвор без никаков основ, него и сопругата, за да можете да ја уценувате земјата и да и ги експлоатирате природните ресурси…А зошто? Само затоа што можете!
Да објавите дека ќе го окупирате Грендланд, иако тоа значи војна со НАТО сојузниците. А зошто, само затоа што можете?
Да убивате стотици деца, жени и болни, да бомбардирате училишта, болници и цивилни згради, зошто? Па затоа што можете.

Впрочем претседателот на САД, уште кога дојде на власт, недвосмислено му соопшти на светот дека тој бил ИСПРАТЕН и СПАСЕН ОД БОГА за да ја направи Америка повторно велика. И дека нема да бира начини и средства тоа да го оствари?!
Колку оваа изјава ве потсетува на изјавата : ” Мене ме црпна Господ од нивата за да ја спасам Македонија”?!

И можеби сево ова го знаете, можеби и не го знаете вака систематизирано, но го претчувствувате интуитивно?!

Резиме : “Нашата земја”, “Нашите државници и власти” не заглавија во ќорсокак. Фактички и практички дадоа СЕ за НИШТО!
Се она за кое нашите дедовци и прадедовци плукаа крв по планини!

  • Но не очајувајте, Идејата е бесмртна. Единствено што треба е таа да прерасне во Идеологија. А таа идеологија- Родољубието, да ја изнесе, извлече жална Македонија од оваа каша и неред на “Новото Нормално” .

АКО И ВИЕ РАЗМИСЛУВАТЕ ИСТО ИЛИ СЛИЧНО НА НАС, СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА.

КАЖЕТЕ И НАПРАВЕТЕ НЕШТО ДОБРО ЗА МАКЕДОНИЈА.


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница

Напишете коментар