Пишува: Стефан Ацковски, член на Претседателството на Родина Македонија
На 22 јуни 1941, точно во 04:00 часот наутро (како што и се пее во славната советска песна “22 июня, ровно в 4 часа”), од запад без претходно објавување на војна, германските нацистички сили ја преминаа границата на Советскиот сојуз, со што започна најкрвавата војна во историјата на рускиот, украинскиот, белорускиот, но и на сите народи од СССР. Војна која одзема 27 милиони советски животи. Започна Големата Татковинска војна!
Отпорот кој го пружија народите на СССР стана еден од најлегендарните подвизи во историјата на човештвото. Подвизите кај Ленинград, Сталинград, Москва, се само дел од чудата кои ги правеа овие луѓе. Војната заврши катастрофално за нацистите. Берлин беше срамнет со земја, Германија покосена, а германскиот народ поделен.
Уште во првите години по војната беше очигледно дека на западот не му беше сеедно што Советскиот сојуз успеа да воскресне и да го направи подвигот, па уште во првата отворена прилика започна со регрутација на нацистите кои преостанаа. Добар дел од нив се и основачи на денешното НАТО. Тогаш, легендарниот маршал на СССР, Жуков изјави: “Ја ослободивме Европа од нацизмот, но тие никогаш нема да ни простат за тоа”. Изјава која ја предвиде иднината.
Денес повторно од запад и повторно без објавување на војна, подмолно и лукаво, нацистите се преоблекоа во униформите на НАТО и ја нападнаа Русија и рускиот народ. За огромна жал, денес во првите линии се најдоа Украинците, кои пред точно 85 години заедно, рамо до рамо, започнаа да се борат со рускиот и белорускиот народ, против истите тие под чија манипулација денес паднаа.
Нацизмот не е уништен. Тој е исто толку силен и агресивен како и во 41-ва. Но како и тогаш, така и денес ќе биде поразен!
