You are currently viewing МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ СПРОТИВНО НА СВОИТЕ АСНОМСКИ ПРИНЦИПИ И ИДЕАЛИ!
  • Post category:Uncategorized

Руската нацрт-резолуција „Борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција“, беше усвоена на Третиот комитет на Генералното собрание на ОН.

За резолуцијата гласаа 105 држави, 52 беа против, 15 беа воздржани.

Како коавтори на Резолуцијата се Белорусија, Пакистан, Азербејџан, Венецуела, Виетнам, Јужна Африка, Камбоџа, Северна Кореја, Куба, Лаос, Мали, Никарагва, Сирија, Судан, Централноафриканската Република, Екваторијална Гвинеја.

Препораки од резолуцијата се земјите да преземат соодветни конкретни мерки, „вклучително и во законодавната и образовната област“, ​​за да се спречи ревизијата на историјата и резултатите од Втората светска војна и „негирањето на злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени за време на Втората светска војна“. 

За потсетување!

За време на германско-италијанската фашистичка окупација заедно со локалните сојузници, борците за голема Албанија и голема Бугарија, од Македонија беа интернирани над 50 000 луѓе, а во НОБ загинаа 25 000 борци.

Благодарение на таа наша борба, како и благодарение на Црвената армија на СССР, која ја скрши кичмата на фашистичката идеја на западната цивилизација за доминација со светот, ние денес имаме држава, која за жал е се помалку наша, а е се повеќе дел од слични идеи и сојузи, кои го кренаа фашизмот.

Македонија гласаше против оваа резолуција, уште еднаш покажувајќи го големиот расчекор на државната администрација од желбата и волјата на нацијата.

Ние мора да создадеме достојни македонски институции, со достојни Македонци, кои ќе работат во интерес на македонскиот народ, но во интерес на човештвото во целина.

Родина Македонија е посветена на тој пат и апелираме до нашиот народ на будност и активизам, за да ја промениме состојбата на бедно живеење во Република Македонија.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!