ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

Започа постапката за собирање на 10.000 потписи за независниот кандидат за Претседател, проф. Вело Марковски. Рокот за собирање потписи започнува на 23-ти февруари (петок) и завршува на 8-ми март (петок). Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Вело Марковски е уште една можност за вистинска демократизација на Република Македонија и заштита на македонските национални интереси. Проф. Вело Марковски е вистински одговор за предизвиците кои се предизвикани од геополитичките промени, но и од здравствените глобални кризи со пандемиите кои се очекуваат во блиска иднина. Во суштина, тоа е родољубив чин на секој еден припадник на македонската нација. Нотари, работно време (8:00-16:30): Андријана Ѓорѓеска, Општина Аеродром, нас. Ново Лисиче. Адреса: Бул. Видео Смилевски Бато бр.22/1-3. Хакија Чоловиќ, Општина Кисела Вода, нас. Драчево. Адреса: Ул. Ниџе Планина бр. 16, пред бензинската пумпа…

ПрочитајЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

ИЗГЛАСАНА ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

На третата седница на Централниот одбор на Родна Македонија беше разгледан извештајот на Претседавачот на Претседателството Зоран Јованчев, од средбите со кандидатот за Претседател, проф. д-р  Вело Марковски за претстојните претседателски избори во Република Македонија. Донесен е заклучок дека двете платформи, и таа на Родина Македонија и таа на проф. д-р Вело Марковски, во огромен дел се допираат и имаат заеднички суштински цели, од сопирање на сите штетни договори кои ги имаат сите елементи на геноцид врз македонскиот народ, борба против корупцијата, зачекорување во новиот мултиполарен свет и соработка со организации од Истокот, БРИКС, Евроазиската унија, како и развивање на добри односи со Русија и Кина, до возобнова на македонската нација. Проф. д-р Вело Марковски е првиот кандидат за Претседател на Република Македонија кој во својата платформа има…

ПрочитајИЗГЛАСАНА ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

МАКЕДОНСКА РОДОЉУБИВА ПЛАТФОРМА

На втората седница на Централниот одбор на Родина Македонија одржана на 13.1.2024 година, ја донесовме македонската родољубива платформа чии цели се поставување на насоките на Родина Македонија за поддршка на независните претседателски кандидати на претстојните претседателски избори и изградба на основа за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. Нашиот мотив е активирање на целиот родољубив потенцијал на поединците, организациите, движењата, партиите со цел создавање на вистинска понуда во македонскиот политичкиот простор, за враќање на Македонија. Содржината на платформата: Поради повеќедецениското непостоење на национална стратегија за зачувување и јакнење на македонизмот во секој еден од нас, одродените идеологии и стратешки добро подготвени системи од надвор секојдневно ја нагризуваат суштината на нашето општество и начин на живеење. Идеологии кои ги негираат природните закони и човековиот Создател, ги напаѓаат традиционалните вредности…

ПрочитајМАКЕДОНСКА РОДОЉУБИВА ПЛАТФОРМА

ЈАВЕН ПОВИК ДО ЧЛЕНСТВОТО И ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани, Согласно Законот за политички партии, Родина Македонија е должна во рок од 1.1.2024 до 30.3.2024 година да приложи во суд 1000 изјави за основање, заверени на нотар. Упатуваме јавен повик до нашето членство и поддржувачи да се вклучат во пререгистрирањето на Родина Македонија во најкус можен рок, за да може да се премине на изборните активности.  Да не се чека крајниот датум! Постојат две опции за заверка на Изјава кај нотарите. Опција 1: Нотари обезбедени од Родина. Понесете само лична карта.  Пополнете изјава во 2 примерока.  Изјавата се остава кај Нотарот.  Сите трошоци се покриени од Родина. Листата на нотари ја имате на следната интернет страна: https://rodina.org.mk/preregistracija/ Опција 2: Кај Нотари кои не се обезбедени од Родина: Симнете ја изјавата од нашата интернет страна, или подигнете изјава…

ПрочитајЈАВЕН ПОВИК ДО ЧЛЕНСТВОТО И ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО КРЕСНА, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Денес ја одбележуваме 145та годишнина од кревањето на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во месноста Кресна, Пиринска Македонија.Еден од најсветлите денови во македонската ослободителна борба и врв на стремежот за независна, самостојна Македонија на Македонците. Востанието било организирано и благословено од Митрополит Натанаил Охридски (Кучевишки), а предводено од даскалот и војвода Димитар Поп-Георгиев Беровски и Војводата Дедо Иљо Марков-Малешевски. Командант на здружените востанички чети бил избран капидан (капетан) Стојан Карастоилов. Востанието имало и меѓународна подршка од словенските земји, најмногу од руските (козачки) одреди предводени од атаманот Адам Калмиков и полскиот бригадир Луј Војткиевиќ. Значителна помош стигнала и од тукушто ослободеното бугарско кнежество, но подоцна дошло до големо несогласување со бугарските сили; Откако се увидело дека тие го негираат македонскиот карактер на востанието и основната идеја на востанието- НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.Востанието постигнало значителен…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО КРЕСНА, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ КАКО ИЗБОРНА АЛАТКА!

Не случајно промената на личните документи се прави во предизборието! На СДС, но пред се на западните инжинери за изборен инжинеринг, добро им е познат односот на Македонците кон западното колонијално име „Северна“. Да ја потсетиме оваа колонијална управа дека непочитување на Референдумот од 30 Септември 2018 година, кој инаку е составен дел од договорот, како и ставање во процедура на договор кој не е потпишан од овластено лице Претседател на држава, а таков е Преспанскиот, преставува кривично дело, за кое еден ден сигурно ќе се одговара. Интересно е што обврските кои ги превземала колонијалната управа на Северна од тој ништовен договор, вели дека во рок од 5 години од почеток на преговорите со ЕУ треба да се променат личните документи. А ние не ги започнавме тие преговори,…

ПрочитајПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ КАКО ИЗБОРНА АЛАТКА!

ПОМОШTA ОД ЧЛЕНОВИ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНА ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ДОЊЕЦК

Помошта во лекови и разни средства за хигиена која ја собраа членовите на Родина Македонија пристигна до православното сестринство во Горловка, Доњецк, кое се грижи за болните и ранетите. Членовите на Родина Македонија искажуваат голема благодарност до Андреј Родионов од меѓународното движење „РУСОВ“ и Александар Кравченко од козачкото движење, кои помогнаа истата да пристигне на посакуваното место. Родина Македонија и во иднина ќе организира овакви хуманитарни акции за нашиот братски руски народ. Се надеваме дека во тие активности ќе се вклучи поголем дел од македонскиот народ. Во тешко се познаваат пријателите! Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! Пополнете пристапница

ПрочитајПОМОШTA ОД ЧЛЕНОВИ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНА ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ДОЊЕЦК

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

По повод последните случувања околу недоразбирањата со генералниот секретар на Родина Македонија, Владимир Трајковски, на нашите членови, симпатизери и сите поддржувачи на нашата идеологија и кауза им соопштуваме: Во Родина Македонија се практикува став дека секој има право на свое мислење и постапки сѐ додека тоа не се коси со доктрината, идеологијата и каузата на партијата и не предизвикува штета за неа и државата. Статутот на Родина Македонија е камен темелник и бедем кој ја заштити од претходни напади и кој истото ќе го прави и во иднина. Заедничките ставови на партијата ги донесува мнозинство од членовите на претседателството, а не еден човек. Владимир Трајковски е член на Советот на Родина во кој членуваат иницијаторите на самата идеја и создавање на партијата. Од првото основачко собрание е и…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Поддршка на Сенародниот собир

Родина Македонија искажува целосна поддршка на Сенародниот собир ПРОТИВ Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, организиран од Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архепископија. Како организација која е произлезена од родот наш македонски, секогаш ќе бидеме на браникот на македонскиот начин на живеење, кој е богатство од духовност, култура, традиција, меѓуетничка толеранција, почитување и пред се живеење по законите на Бога и праведноста. Првиот принцип од тој закон е: #ИмамеДолжност да ги заштитиме децата!

ПрочитајПоддршка на Сенародниот собир

ПОВИК

Почитувани браќа и сестри, членови и поддржувачи на РОДИНА МАКЕДОНИЈА, Македонци и Македонки по род, државјанство и самоопределба, сите свесни луѓе, ве повикуваме на МИРЕН ПРОТЕСТ НА 29 ЈУНИ 2023 ГОД. ВО 18 ЧАСОТ ПРЕД СОБОРНИОТ ХРАМ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" Да ја поддржиме нашата црква МПЦ - ОА во нејзините залагања за заштита на децата; Да искажеме револт и незадоволство од хунтата на власт, прикриената диктатура и нивните глобало-декадентски закони и практики, ништењето на нашите род, народ, култура и традиции. Да излеземе во што поголем број и силно да покажеме дека нема да им помине културолошкиот геноцид и етноцид. Македонија на Македонците! Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија https://t.me/rodina_makedonija Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! Пристапница

ПрочитајПОВИК